…нешто основано во 1893г. има многу длабоки корени.
Расадник на #македонштина.
Има и кукол, де!
Страв за ,,Големите”
Разбија со сила. Со многу сила. Минатото нама да се знае како Историја час за неуки, но како извадени сегменти за перење мозок на идните генерации!?
Ама заборавиле??!
Да, заборавиле…
Дека од трета до триесет и трета генерација, #усно се раскажувало за Хероите, дали локални и национални.Тоа заборавиле.
Тезата дека договорот од Преспа го потпишал бивш ВМРО член, син на професор и пратеник не држи вода.Отпадник од десницата е поточно.Секој кој наспрема конзервативните и демохристијански ставови реализира Нов нео-европски дух, не може да биде ,,расадник на патриотизмот”!
Имаме Влада која освен промената на име, знаме, идентитет, воведе нова рамка која не е во склад со промакедонските идеи.
Затоа сите Вие, големи луѓе и умови со Македонија што се будите и заспивате, кренете го #Гласот, гласот кој ќе се претвори во #Говор, гласот кој Апостолите го ширеле меѓу Народот за да не се оддалечи од вистинскиот пат, патот наречен #Македонија!
За #Право и #Правда!
Пишува: Гоце Марков