Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна во областа Дебре Зеит, што е на 50 километри од пистата од која полетал . Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот.
Од компанијата велат дека пилотот побарал дозвола да се врати, откако пријавил проблем. Ја добил дозволата, но веќе било доцна. Боингот 737 Макс 8 бил прилично нов авион на небото, но во оваа компанија никогаш не се случила ваква катастрофална трагедија.


