Сите ја обожаваме Новогодишната еуфорија и Божиќната магија. Со нетрпение ги чекаме овие празници и зимска идила да ги искористиме за прошетки по преубаво украсените трговски центри, улици , паркови и плоштади. Украсувањето е важно но најбитниот детал секогаш е новогодишната елка. Но дали сте виделе новогодишна елка која и пркоси на гравитацијата.
Овие елки неколку години се атракција ширум светот, но кај нас сеуште ги нема во продажба, но можат да се нарачаат од интернет.
Украсувањето на новогодишните елки наопаку има значење . Потекнува уште од средниот век. Ова го правеле Европејците за да го претстават светото тројство. Но денес новогодишните елки се поставуваат така што врвот е насочен кон рајот, па некои луѓе мислат дека поставувањето наопаку е непочитување.
Но овој начин на украсување на елката стана нов тренд и мода и е доста попрактичен и побезбеден за децата и миленичињата во домот. Некои овој начин го гледаат како уметност и новитет, други како глупост и непотребен начин.
Погледнте ги и одлучете самите:









