Кандидатот за градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска со свое видео обраќање ја алармираше јавноста за можна злоупотреба на службеното возило на општина Лозово за партиски предизборни цели на актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Ацо Велковски.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Бошко Цветковски од пред службениот автомобил на општината Лозово кое што во сабота-неработен ден е на терен во населено место.


