Традиционалната манифестација „Смоквијада 2018“ во Гевгелија, која ќе се одржи по 12-ти пат на 1 септември (сабота), во организација на здружението на граѓани „ТЕРА“ . Настанот ќе се одржува на просторот на стариот пазар, во центарот на Гевгелија. На завршната приредба присутните ќе ги забавуваат групата Љубојна и ансамблот „Бојмија“. Фестивалот на смоквата оваа година ќе има нов концепт во натпреварувачкиот дел, а тоа е можноста за учество на секое домаќинство од Гевгелија и околните населени места. Секој натпреварувач слаткото го вари во својот дом, а една тегла доставува до организаторот ЗГ „ТЕРА“ на денот на одржување на Смоквијадата. Посебна комисија ќе го оценува квалитетот на слаткото што ќе биде сварено и ќе додели три парични награди: Прва награда 15 000 денари, Втора награда 10 000 денари, Трета награда 5000 денари.
Смоквијада во Гевгелија, ќе настапат Љубојна и Бојмија
