Во организација на онлајн списанието „Словокулт: литература“ и „Арт-еквилибрум“, од 24 до 30 август се одржа паралелен меѓународен фестивал на современата уметност, текст и поезија, во Македонија и во Германија, посветен на мртвите поети.
Фестивалот беше стартуван со читање избрани песни од Бошко Бозаџиевски во Гевгелија и во Берлин, и од Игор Исаковски во Скопје и во Берлин. Настанот вклучуваше групна изложба и поезија, кратка проза, текстуални фрагменти, читање и изведби на тема „Вистината во современата уметност и литература во време на лажни вести“.
Настаните во Берлин, каде што ќе гостуваат уметници и од Македонија и од други земји, ќе се одржуваат од 9 до 11 септември, а во Македонија ќе биде претставен и најновиот број на „Словокулт“, кој ќе излезе од печат крајов на август.