Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил објави фотографија од Васил Гарванлиев која што е дел од неговото видео во кое тој вчера се извинуваше на целокупната Македонска јавност. На фотографијата се означени бројаниците кои што ги носи Гарванлиев на раката во боите на бугарското знаме за што Сашо Тасевски упати и дополнителен свој коментар.
“Невин сум. Солзи сами капат простете. Со боите на бугарското знаме на ручето.
Лошо глумиш.
Не се ни каеш што навреди цел народ. Кого го правиш будала бе! Лингур еден!Откажете го учеството на бугарашкиов провокаторов одма!Ете добива поддршка од Бугарија и бугарашите овде. Нека пее за Бугарија, очигледно таа му е на рачето и во срцето.
Откажете го неговото учество на Евровизија.
Ама одма!
Денес!
Сега, пред доручек!”
-напиша Сашо Тасевски на фејсбук.


