Талат Џафери во понеделник ќе го распише и ќе го закаже референдумот на 30 септември 2018 година. Викендов треба да се дефинира референдумското прашање со средби меѓу лидерите од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, но засега не се договорени за викендов, а ќе има консултации за составување на прашањето, велат од СДСМ. Ако граѓаните излезат 50 посто плус еден од вкупните избирачи со право на глас и од нив мнозинството гласаат „за“ на референдумот, тогаш името Република Северна Македонија поминува, Уставот ќе биде сменет со променетото име на државата .