-Многу е тешко кога мораме да ги испраќаме нашите деца во странство. Проблемите на земјоделците се и мои проблеми. Проблемите на стопанството, на вработените се повеќе од реални.
Делчево сакам да ја видам како модерна европска општина која ќе ги решава проблемите кои што не соодветдтвуваат со времето. Нешто што во другите држави е несвојствено како проблем, кај нас е реална егзистенцијална потреба.
Таа слика сакам да ја промениме. Сите ние заедно со сите граѓани на Делчево.
Ова се дел од пораките упатени од вечерашната конвенција за промоција на кандидатот за градоначалник на општина Делчево и кандидатската листа за советници во советот во општината од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција составена од ВМРО-НП, ГРОМ, Социјалистичка партија и Демократски сојуз на ромите.