Македонската дијаспора во светот како и сите Македонци се згрозени и вчудоневидени од разните владини притисоци што се извршуваат врз одреден број на пратеници од опозицијата.
Сите овие недемократски , анти европски маневри, се само знак на поразителните владини мерки со цел обезбедување дво третинско мнозинство со кое ќе може да се промени Уставот а со тоа и промена на името, идентитетот и се што е содржано во македонизмот. Парадоксот е дотолку поголем што со анти европски правила и принципи се тежи да се дојде до толку посакуваната цел за прием во ЕУ.
Делата не застаруват и секој ќе треба да ја сноси својата одговорност, почнувајќи од корумпираната ЕУ , САД и завршувајќи со нашите домашни квинслизи. Во прилог на политичкиот терор од страна на владеачката анти македонска гарнитура , сведочи и денешниот настан, кога истакнат македонски активист од дијаспората во Австралија , господин Ицо Најдовски Перин беше испитуван и приведен поради “нелегални активности”.
Тој само зборуваше пред собранието со горд македонски збор ја бранеше својата национална самоопределба. Секој Македонец кој се бори за зачувување на својата национална држава претставува “опасност “ за владеачката хунта.
Пораката на македонската дијаспора во светот е оставете ја Македонија сама да донесе решение за својата иднина, легитимноста да произлегува од народот и за народот, нешто што впрочем е базичен принцип во ЕУ демократијата. Тоа подразбира дека гласот на народот искажан преку бојкот на референдум да се послуша и да биде водилка во понатсмошните идејни солуции за македонската држава.
Стоп за сите надворешни уцени и мешање во внатрешните работи на една суверена земја, основен принцип во меѓународните односи.
Координативно тело за протести на македонската дијаспора -Европа, Канада и Австралија.
Женева, 19 октомври , 2018 година .