По прес конференцијата на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ со реакција од собранискиот прес центар излезе и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:
Антизападното, антинародното, антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува голема, огромна нервоза и безочно лаже.
Најостро ги демантираме изнесените лаги, дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или пак на било кој пратеник дека му
се нудени пари, дека некој им се заканувал, или ги уценувал.
За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби пред надлежните органи.
Овие огромни лаги, измислени од антинордното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во клучни моменти за иднината на државата, ќе мора да ги докажат на суд.
Ваквото однесување на Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги помина сите граници. Ова е нездраво, ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на политичка партија.