Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет на Берово со порака преку фејсбук ги алармираат граѓаните на Берово дека со
ребалансот на Буџетот на Општина Берово за 2018 година, Градоначалникот на Општина Берово предвидува ЗГОЛЕМУВАЊЕ на патните и дневни расходи за него и Општинската администрација, а НАМАЛУВАЊЕ на средствата наменети за урбанистичко планирање, јавно осветлување, изградба на јавно осветлување и изградба на системи за водоснабдување, кое нешто претставува јавна добробит за сите граѓани на Општина Берово.
Притоа прашуваат:
За ова ли гласаа граѓаните на Општина Берово?
За ваков ли #Живот гласаа граѓаните на Општина Берово?