Советникот Дарко Јангелов од ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот Совет на Општина Виница на социјалните мрежи алармира во јавноста дека бил следен од страна на активисти на СДСМ кои што објавиле фотографии од него на социјалните мрежи додека пазарувал намирници во јавен маркет.
Дополнително советникот Јангелов соопштува дека од страна на владеачката партија на нивната фејсбук страна преку која комуницираат со јавноста, биле ширени лаги со цел да го нарушат неговиот општествен углед.
“Најпрво ќе добијат опомена пред тужба во која ќе барам јавно извинување и повлекување на постот, поради нарушен углед и изнесени лаги и клевети, потоа доколку не се извинат ќе добијат и соодветна тужба.
Да ги информирам СДСМ ВИНИЦА дека уште е на сила Одлуката на Влада, донесена согласно препораките на Комисијата за заразни болести, државната и јавната администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.
Институцијата во која сум вработен има донесено одлука за ротирање и според неделниот распоред денес НЕ БЕВ на работа!
-пишува Советникот на опозициската партија во од Виница на својот фејсбук профил.


