По повод претстојните Велигденски празници, изненадете ги вашите најблиски, а посебно најмладите со превкусни чоколадни јајца. Пробајте го овој рецепт, лесен, едноставен и ефтин за правење:
Потребни состојки:
– 3-4 млечни чоколади
– 1-2 бели чоколади
– Чоколадни бонбони со жолта или портокалова бојa

На пареа растопете го млечното чоколадо. Врз сад со малку вода ставете помал сад во кој ќе го искршите темното чоколадо. Потоа ставете го садот врз тивок оган и оставете го чоколадото да се растопи. Истурете го растопеното чоколадо врз рамна површина и рамномерно распоредете го.
Оставете го неколку минути да се излади, но треба да биде меко на допир. Повторете го истото со бело чоколадо, а потоа оставете го 1-2 минути, малку да се излади. Врз темното млечно чоколадо, ставете капки од растопеното бело чоколадо.
На дамките од бело чоколадо ставете жолти или портокалови чоколадни бонбони. Оставете ги чоколадните јајца да се стврднат, а по неколку минути ставете ги во фрижидер. Чоколадото не го ставајте во замрзнувач бидејќи може да побели.
Стегнатото чоколадо исечете го со нож. Парчињата можат да бидат исти, а можете и да го искршите.


