Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица реагира во јавноста по однос на катастрофалната состојба во која се наоѓа спортската сала во овој град. Притоа ја повикуваат владеачката партија да си го остварат она што го имаат ветено пред граѓаните на Македонска Каменица на локалните избори минатата година, како што стои во нивната програма.
Дами и господа од Сдсм М.Каменица што ручкате на општинска сметка. Знаеме дека од 2015 година сте запознаени со лошата состојба во која се наоѓа спортската сала во основното училиште Кирил и Методиј. Исто така знаеме дека лани им ветивте на граѓаните на општината дека оваа сала ќе ја реконструирате. Она што не го знаеме е зошто не си стоите на ветеното, иако училиштето располага со готов проект кој беше изработен благодарение на заложбите на претходниот директор на училиштето? Или поважно ви е да ни го смените името на државата и идентитетот?
-соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ МАкедонска Каменица.