Референдумот разбистри многу работи: СДСМ и ЗОран Заев во раце ја имаа целата локална самоуправа, со јавни претпријатија, градинки, основи и средни училишта. Ја имаше централната власт со сите институции, поддршка од надвор. Им се дозволи медиумско насилие со агресивна кампања, потрошија многу пари и доживеаа фијаско. 1. На западот – оние кои што го донесоа Зоран Заев на власт, им стана јасно дека играле на погрешна карта, односно одбрале погрешна личност за оваа операција. Искрен да бидам, оваа работа Никола Груевски ќе ја завршеше маестрално. Но, тие се одлучија за неспособен човек, без политичко искуство, лошо ја водеше владата во овој период – без резултати, и тоа е причина повеќе за лошиот резултат. Рака на срце во сите изминати 10 години Груевски никогаш немал ваква меѓународна поддршка а кога би ја имал, сигурно би знаел како да ја круниса со успех. 2. Ако од овие 630.000 се одбијат оние кои гласале „Против“ и неважечките, тогаш доаѓаме до бројка некаде под 570.000. Да потсетам, Ѓорѓе Иванов на последните претседателски избори победи со 550.000 гласа. Сакале противниците на Иванов да признаат или не, но тој има целосен легитимитет да излезе и да им тресне во лице се што мисли за овој референдум. 3. По парламентарните избори на страна на Заев премина Лиле Поповска, Павле Трајанов, Амди Бајрам, Неждет Мустафа, Чедо Николовски и уште некоја ромска партија. Тоа значи со ослабнат коалиционен капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и со зајакнато СДСМ, заедно со албански гласови немаат повеќе од 570.000. Ако од ова се одземат оние гласови кои се добиени со полнење на кутии не ми е јасно зошто Зоран Заев се заканува со нови предвремени парламентарни избор, затоа што силата не е кај него. 4. Целиот процес на преговори со името, тргањето на претседателот Иванов надвор од овој процес, инсистирање на трозначно референдумско прашање, насилнички однос кон опозицијата, создава непремостливи предуслови за неможност од било каков политички договор помеѓу власта и опозицијата. Сега што ќе каже Бејли и компанија? Тие се одговорни за ова фијаско. Особено Џес Бејли. Неговиот пулен Зоран Заев на Си-Ен-Ен го лажеше цел свет дека 75% од граѓаните ќе го поддржеле на референдумот. Резултатите покажуваат дека ни половина од тоа, 65% не го поддржуваат договорот. Лагите на Заев ги навлекоа и Американците, и Меркел, Тереза Меј, Курц, Столтенберг и сите останати да веруваат дека тој има сила овој процес да го истера како што треба. Жалам, но сега треба да сноси одговорност оној што го правел кастингот на глумците што ги одбра да го играат овој филм. Одбраа погрешни актери и резултатот им е таков каков што имаат. Секое натамошно силување во парламентот ќе биде контрапродуктивно, а заканите на Заев за предвремени парламентарни избори повторно се нереални затоа што 100 дена пред избори мора да се формира т.н. Пржинска влада. Оттука се извлекува единствен можен заклучок дека референдумот е почетната станица за делегитимирање на Зоран Заев, неговите погрешни политики и сите оние кои што го следат.