• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Стевчо Јакимовски – Власта се повеќе заглавува од грешка во грешка

ноември 20th, 2018 Македонија коментари 962

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Стевчо Јакимовски – Власта се повеќе заглавува од грешка во грешка

“ Покрај тоа што ми е жал дека Груевски го користам како тема, а не најгорливите македонски прашања сепак мора да укажеме на неколку работи. Првиот шок за јавноста беше бегството на Никола Груевски. Сите мислеа дека избегал преку Србија. Но, користењето на Албанската и Црногорската држава како попатна дестинација до Унгарија е вистинско изненадување за секој аналитичар, па дури, ако сакате и за безбедносните служби.

Што е тука многу симптоматично?

Поранешниот премиер избега преку Албанија и Црна Гора, две земји членки на НАТО. Во исто време овие две земји-членки на Алијансата се оние врз кои што, Американците и безбедносните структури на НАТО имаат најголемо влијание. Ова бегство да е направено без да знаат безбедносните служби на овие две земји и да не е одобрено од супервајзорот од ридчето е невозможно. Значи, ова не обично бегство и барање за азил, туку работата е многу покрупна.

Убеден сум дека Груевски не е загрижен за азилот, веројатно тоа е договорено. Најзагрижени се Заев и Оливер Спасовски. Изненадени се, што тоа им се случува. Како што вели Миле Јанакиевски – не можат по магарето, сега ќе удрат по самарот, односно, ќе спроведувале истраги за тоа кој се бил вмешан во бегството на поранешниот премиер. Тоа е замајување на јавноста. Но, очигледно е дека ова е многу покрупна игра која е надвор од доменот на нашите безбедносни служби. Интересно да се напомене е дека, господинот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерното интервју на „Само Вистина“ тврдеше дека тој немал законска основа да го следи Груевски и дека ако тоа го правел ќе го прекршел законот, а само седум часа по завршувањето на неговото интервју притворени се Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски, со образложение дека УБК има сознание дека и тие подготвувале бегство.

Па нели без судски налог тие не следат?

Како ги обезбедиле овие сознанија ако не ги прателе, иследувале и контролирале нивните комуникации. Значи, УБК го прекршува законот, или пак УБК си е УБК, односно, не бил само Сашо Мијалков кој ја злпотребувал својата положба туку тоа е нивна востановена практика да делуваат надвор од законските рамки. Во исто време тврдат дека Јанакиевски имал сметки надвор од земјата, а тој преку својот адвокат порача дека доколку тоа е вистина, подготвен е да прифати доживотна кзна.

Заклучокот е дека некој тука нешто мати, односно, власта се повеќе заглавува од грешка во грешка. Кога бев градоначалник на општина Карпош, една ноќ комунален редар вработен во општината дошол во ноќните часови, украл моторцикл, го возел во пијана состојба и го фатила полиција. Значи, вработениот беше казнет, а кражбата на моторциклот очигледна. Иако за прекршок, како одговорно лице во општината, судија за прекршоци ме казни со 20.000 денари казна.

Замислете, и јас сум бил одговорен што тој го украл моторциклот. Тоа е исто како некој да влезе во општинските простории, го украде службениот пиштол и потоа со него изврши убство. Зарем за стореното кривично дело, треба и јас да одговарам. Но, јас бев опозциија. За украдениот моторцикл ќе одговара и Стевче, исто како и за неземените банкарски гаранции во тендерските постапки од страна на службениците во општината.

Поставувам прашање:

-Ако јас можам да одговарам за украдениот моторцикл и неземените банкарски гаранции, зошто Оливер Спасовски не треба да одговара за пребеганиот Никола Груевски? Кој е одговорно лице во МВР? Кој е надреден над граничната полиција? Само 15-тина дена пред ова, исто така во телевизиско интервју на господинот Оливер Спасовски, на прашање што мисли за укинување на членот 353. став.3 од Кривичниот закон, со што се трга одговрноста на одговорното лице и се лоцира вината кај непосредниот сторител

– тој одговори дека е против да се трга од кривичниот закон, кривичната одговорност за функционерите.

Ама тогаш не мислеше дека може и тој да биде одговорен. Мислеше дека тоа се однесува само на опозицијата, на некои минати свршени времиња. Но, ѓаволот ни ора ни копа. Нели законите треба да важеле за сите, нели правда требало да има за сите, нели секој бил еднаков пред законот?

-Ако јас сум одговорен за украдениот моторцикл, зошто тој не е одговорен за пребеганиот осуденик?”

Колумна на Стевчо Јакимовски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пердонами: Црно-бела разгледница низ звукот на Мохамеди Ибрахими
Следна објава Бил Николов - Нашето име и идентитет се дадоа токму на државата чија главна цел на нивната надворешна политика е нашето искоренување
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 719
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 696
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 675
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

2129
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2146
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1491
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.