• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Бил Николов – Нашето име и идентитет се дадоа токму на државата чија главна цел на нивната надворешна политика е нашето искоренување

ноември 20th, 2018 Македонија коментари 825

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Бил Николов – Нашето име и идентитет се дадоа токму на државата чија главна цел на нивната надворешна политика е нашето искоренување

“ Доколку некој ви каже дека име и идентитет на една цела етничка група е сменета за да се смири угнетувачот, би предизвикало ли тоа вознемиреност кај вас? И доколку би ви дале вакво објаснување „но пазете, се работи за дипломатски спор“, дали вашиот одговор би бил:

„Епа ОК тогаш. Проблемот нека го решат со негирање на сопственото постоење.“?

Тоа е всушност она што се случува со Македонија и Македонците. Се ребрендиравме себеси како „Северни Македонци“, а нашата земја како „Северна Македонија“, со што термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач, Грција, па уште во западните медиуми секојдневно читаме за таа наша „победа“.

Нашето име и идентитет се дадоа токму на државата чија главна цел на нивната надворешна политика е нашето искоренување. Ако забележавте, истакнав „најголем угнетувач“. Да не заборавиме притоа на нашите помалку познати угнетувачи, Бугарија, Албанија и Србија, коишто ја присвојуваа Македонија, па како може Македонија истовремено да биде грчка, бугарска, албанска и српска? А што ќе кажете за ова: Македонија е македонска. Но имајте на ум, овој проблем помеѓу Република Македонија и Грција не е обичен проблем креиран од Грција и овозможен од Западот.

Целата територија на Македонија (Република Македонија е само еден дел од неа) во 1913-та година беше поделена помеѓу Србија (Југославија), Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија. Со растурањето на Југославија во 1991 година, Македонија се стекна со независност. Погледнете ја оваа мапа, заедно со мојот коментар за тоа како – по 500 години турска окупација, цела Македонија, вклучувајќи го и делот од Македонија што беше присвоен од Грција, се’ уште има села и градови со македонски имиња. По припојувањето на Егејска Македонија, грчката влада ги смени сите македонски имиња во грчки. Ако Македојнија навистина „отсекогаш била грчка“ (тврдење кое од страна на Грците ЗАПОЧНА дури во 1988 година), тогаш и имињата веќе ќе беа грчки. Здравиот разум треба да преовладее во однос на расистичката пропаганда. И никогаш не заборавајте, без разлика во која земја ќе се наоѓаат Македонија и Македонците, Македонија беше, е и секогаш ќе биде МАКЕДОНСКА.

И кога ќе се осмелиме да го браниме нашето постоење, не’ обележуваат како „националисти“. Јас дури бев и претставен како националист во една неодамнешна телевизиска панел дебата на TRT World. Леле мајко. Тоа е македонска фраза којашто изразува згрозено изненадување. Но дали ќе морам да ја опишам неа сега како „северно-македонска“? Па, доколку нешто звучи глупо, тоа и е глупо… Добро, како стигнавме до ова? Како што повеќепати имам истакнато, романтизирањето на Грција од страна на Западот доведува до колапс на целата моја етничка група. Како што можете и самите да видите, на Грција и’ успеа својата политика на културен геноцид против Македонците да ја формулира како „дипломатски спор“, а светот слепо го прифати тоа. Обликувајте ја дебатата и со тоа најверојатно ќе извојувате победа. Освен, се разбира, доколку светот ве мрази. Доналд Трамп, дали вие следите што се случува? На пример, доколку Трамп тврди дека САД имаат „огромен трговски дефицит“ со Канада и доколку Канада го прифати тоа и понуди отстапки, Трамп е тој што ќе освои ‘твитна’ победа. Меѓутоа, канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриленд, ја пресретна последната лага на Трамп и со гордост ја објави одбраната на националните интереси на Канада, со воведување одмазнички тарифи за САД. Здрав разум, нели? Па зошто тогаш светот дозволи еден компулсивен лажливец како Грција да го обликува културниот геноцид како „спор меѓу соседите“?

Наречето го со вистинското име и преземете мерки да го спречите. Следново прашање може да му биде поставено на секој лидер или политичар што некогаш сум го сретнал, но ова е токму за вас, министерке Фриленд: Во моите разговори со вас и со вашите советници за надворешна политика, ви го поставив прашањето погоре. Ве прашав, зошто Западот не и’ дозволува на Македонија да се брани на ист начин како што вие ја браните Канада? Одговор од вас? Не добив. Знаете, македонските Канаѓани нема да ја заборават вашата одвратна неактивност за време на изборите.

И не, не велам „северномакедонските Канаѓани“. Грците се во една многу поволна позиција, бидејќи светот необјасниво ги сака, па можат да ги спинуваат аргументите онака како што нив им одговара. Грција, на Западот омилениот расист, лажеше за се’ поврзано со нивната економија., за нивните вештачки врски со античката историја, за нејзината „културна чистота“ (којашто доведе до масовни кршења на човековите права против Македонците и другите нивни малцинства), повторниот избор на 21 пратеник од нивната неонацистичка партија, масовната маркентишка кампања дека се’ што е за јадење е нивно и Западот, буквално, го проголта сето тоа. Нивната маркентишка кампања беше насочена (освен за финансиската помош од ЕУ) за да го убеди светот дека Македонија и’ припаѓа на Грција.

Оваа кампања започна во 1988 година. Доколку пред 1988 година му речевте на некој Грк дека Александар Велики бил Македонец, ќе ви било одговорено со „Не! Такво нешто немало и Македонија не постоела. Александар Велики бил Грк.“ А по 1988 година следува ова: „Да! Тој бил Македонец, а тоа значи дека бил Грк.“ Па потоа почнаа да тврдат дека „Македонија има четириилјадна грчка историја“. Математиките не важат овде. Тука повторно ќе се навратам на грчкото обликување на дебатата. Тие се навраќаат во античката историја (кога не ни постоела идејата за „Грција“, а за Македонија секако дека постоела), но зарем некој мора да се враќа 2.000 години назад за да реши некаков вештачки спор? Грција не признава дека од Западот е создадена таква романтизирана „историја“, од причина што не сака да признае дека претходно го негираше постоењето на Македонија, дека немаше проблем со името на Република Македонија кога беше дел од Југославија и дека нивниот поранешен премиер Константин Мицотакис призна дека Грција во 1995 година го создала „спорот со името“ со цел да го негира постоењето (вршејќи притоа културен геноцид) на големото македонско малцинство во Грција. Актуелниот грчки премиер, Алексис Ципрас, дури и го прослави незаконскиот „договор“ за промена на името на Македонија како победа во поглед на вечното негирање на постоењето на Македонците во Грција.

Кој може да слави културен геноцид? Тоа го прави најголемиот европски кршач на човекови права. Што ме потсетувана на онаа изјава од Трамп дека неговите поддржувачи треба да му останат лојални дури и кога тој би пукал во некого на улица. Па добро, Западу, што уште Грција треба да направи за да ја изгуби вашата поддршка? Не заборавајте, иако Македонија во 1913 година беше поделена меѓу Србија, Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија, терминот македонски има само едно значење, а тоа е поврзаноста со Етничките Македонци. Грција го призна овој факт во 20-тите години од минатиот век, кога презеде мерки, спонзорирани од Обединетите Нации, за да обезбеди образование за Македонците, кога Македонците ги внесе во пописот како етничка група, за потоа да се врати на своите фашистички корени и да се откаже од тие работи. Меѓутоа, исто како и интернетот, историските записи се вечни.

Кршењето на човековите права и пропагандата се лесно воочливи, но, за среќа на Грците, Западот повторно избира соучесништво, наместо пристојност. Кога Македонците почнале да пристигнуваат во Северна Америка, кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век (бегајќи од прогонство, без да очекуваат дека по еден век ќе им се случува истото од нивните нови домаќини), во пристанишните документи се регистрирани нивните имиња, земјата од којашто доаѓаат (тука стои Турција, затоа што Македонија беше под Отоманска окупација) и, пазете ова, за националност стои МАКЕДОНСКА и покрај тоа што биле под странска окупација. Погледнете овде еден од многуте примери. Како што можете да видите, ние отсекогаш сме биле Македонци, без разлика кој поседува одреден дел од Македонија, кој ја зазема и кој владее со Македонија. Ако ова не беше вистината, ние можевме евентуално да станеме и Кинези, ако тие одлучиле да не’ нападнат. Така да, вие западни владетели, не можете туку-така да ги наградите нашите угнетувачи. Не можете да наградите незаконско културно присвојување.

Или, може и вака да се каже, не можете на една етничка група да и’ дадете различен идентитет. Ставете се себеси на наше место. Што би правеле доколку вашиот идентитет биде одземен од вас, а светот не само што тоа го гледа, туку и учествува во тој процес.

Помислете на вашите претци и нивните борби.


И помислете на моите исто така. Кога јас бев нападнат за моето постоење, го наведов ова на TRT World:

Мојот прадедо во 1903 година бил роден како Македонец, под турска окупација. Тој останал Македонец и под грчка окупација. Тој останал Македонец и кога се преселил во Канада. Вие не можете да го смените она што е во вашата крв. Погледнете ја оваа фотографија.

Нашето име е Македонија.

Вие го знаете тоа.

Па помогнете ни да го одбраниме.”

Бил Николов,

претседател на Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Стевчо Јакимовски – Власта се повеќе заглавува од грешка во грешка
Следна објава Од 19 до 22 ноември ќе има боеви гаѓања на АП Криволак, Неготино
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2511
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1674
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.