Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска зборуваа на трибина со граѓаните на скопската општина Чаир.
“Здраво, Mirdita”, доаѓам во мојата опптина и во моето маало,
-го почна обраќањето во Чаир кандидатот за претседател Пендаровски, што беше проследено со аплауз од присутните.
-Да гласаме за држава членка на ЕУ и НАТО, дел од современиот развиен свет, оваа држава само вака може да просперира. И сите да имаат исти права. Или сите ќе имаме исти права, или нема среќа за никој од нас. Немојте да дадеме шанса на концепти погубни за нашата држава,
-повика претседателскиот кандидат Пендаровски.
Премиерот и претседател на СДСМ порача дека “мултиетнички Чаир е пример за убавината на мултиетничка држава”.
Треба да се гордееме со нашите различности. Сега кога изградивме едно општество за сите, кога сме пред вратите на НАТО и на ЕУ, ни треба претседател да ‘не води и да и помогне на оваа држава,
-порача премиерот и претседател на СДСМ, Заев, кој додаде дека само заедно, сплотени, можеме Напред.
Извор: Заедно напред


