• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Стојанче Никодиноски: За Даме Груев

декември 23rd, 2020 Историски личности коментари 875

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Стојанче Никодиноски: За Даме Груев

Дамјан Груев – Даме (с. Смилево, Битолско, 19. I 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново Малешевско, 23. XII 1906) – Револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина – ослободување на македонскиот народ. Целиот свој живот беше со народот, првенствено како негов учител, а потоа и како еден од основачите на Внатрешата Македонска Револуционерна Организација. Даме беше столбот на кој се потпираше народноослободителното движење, посебно Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Тој беше инспиратор и организатор на народноослободителната борба во тој период, посебно на Илинденското востание во 1903 година.

Само неколку личности од илинденскиот период во народот останале врежани како нивни апостоли и водачи. Првиот апостол е Гоце Делчев, а вториот е Даме Груев. Еден со друг се надополнуваа. Мајка им беше Македонија. Целиот свој живот и го посветија, и на олтар го положија, загинаа за Македонија.

Даме груев е роден во 1871 год. во с. Смилево, Битолско. Татко му Јован бил по професија ѕидар. Се претпоставува дека имал мијачко потекло, од с. Селци. Основно учлшпте завршил во родното село а гимназија, од I до IV клас, во Битола, од V и VI клас во Солун, во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во 1887/1888 година учествувал во големиот бунт на учениците на солунската гимназија, за запирање на бугаризацијата и за настава на македонски народен говор. Во јануари 1888 година, заминува со поголема група од 19 души, меѓу кои Петар Поп Арсов, во Белград. Образованието го продолжува во Гимназијата во Белград, каде учествува во бунтот против режимот на србизација на македонските ученици. Во 1891 година оди во Софија, каде студира историја на Високото училиште.
Идејата Даме целосно да се посвети на македонското дело, особено доаѓа до израз за време на неговите студии во Софија. Верен на идејата која го водеше, за афирмирање на македонската посебност и за одбрана на македонските интереси, со неколку македонски студенти формирал група, која дејствувала под името Млада македонско книжевна дружина (ММКД). Група во која биле Петар Поп Арсов, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и др., го издавала списанието “Лоза”.

Во Софија со неколку истомисленици од кругот околу „Лоза“, создаваат „Дружба“ , чија цел им е по завршувањето на учењето да се приберат во Македонија, каде имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Среде тој интимен круг се раѓа идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија. Во Софија главните членови на „Дружбата” беа Хр. Поп Коцев, Д, Мирчев, Никола Дејков и Поп Арсов, кои со Даме се стремеа да бараат примена на член 23 од Берлинскиот договор.

Даме Груев, кој во овој период е доста активен (членува и во социјалистичката група), станува сомнителен и по убиството на бугарскиот министер за финансии Христо Белчев, веднаш бил затворен заедно со неколку другари. Во затвор поминува 15 дена, по што бил ослободен. Во меѓувреме додека бил во затвор, поради неговите напредни идеи, агитирањето и одбивањето да служи војска, Даме груев во 1891 година бил исклучен од Високото училиште.

Веднаш по излегувањето од затвор, Даме Груев во април 1891 година се вратил во Македонија. Кога доаѓа во Битола, одвај имал 20 години, но веќе имал јасна свест за тоа што треба се направи за остварување на големата идеја за ослободување на Македонија. Формирал револуционерно друштво од младите учители. Слично како и во Софија, Даме уште во текот на летото во Битола формира „Дружба”, во која на почетокот беа: Лука Џеров (од Битола, беше заврпшл V или VI клас во солунската гимназија), Неделко Дамјанов (од Битола, учител), Дуртанчев (учител, род. од Битола), Никола Кочов (учител од Битола) и др. Пристапиле кон изработка на устав, но тогашниот владиката Козма, го попречил натамошното јакнење на Дружбата.

На Груев не му било дозволено да остане во Битола, па откако бил назначен за учител во родното место, прво заминува во Смилево каде држи Школо за возрасни, а потоа, во 1892 година, заминува во Припеп. По доаѓањето во Прилеп, Даме наидува на козервативна средина кај неговите колеги, учители, кои го попречуваат во неговата револуционерна дејност. Набрзо сфатил дека за развивавње на револуционерната свест треба плодна почва, а во тоа време, најпогоден бил Солун затоа во летото 1893 година се вратил во Солун каде работи како коректор во печатницата на Коста Самарџиев.

Даме Груев со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирале Македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев (двајцата учители) и д-р Христо Татарчев (лекар) и ги поставиле основите на Македонската револуционерна организација. Даме бил иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун, а на конститутивниот состанок на 7. I 1894 година Груев станал прв секретар на Централниот Комитет.

Одамна свесен дека без културна слобода и издигнување нема ни ослободување, од Солун во 1894 година заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука за првпат се сретнал со Гоце Делчев (учител во штипското Ново Село) и Туше Деливанов. Како учител, близок до народните маси, заедно со неговите истомисленици, работел на организирање на населението за остварување на долгоочекуваниот сон. Во летото 1894 започнал да ги формира првите ревулуционерни комитети.

Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, цели шест години Груев неуморно ја обиколува Македонија и го организира населението примајќи нови приврзаници, според прописите на Уставот.

Во 1895 година бил назначен за училишен инспектор и се враќа во Солун. Се активира во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Османлиските власти во 1898 година го протерале во Битола, каде што бил уапсен во месец август 1900 година, во врска со Попставревата афера. Осуден бил на 10 години затвор. Од затворот во Битола ја продолжува својата активност. Одржувал врски, давал инструкции и раководел со Месната организација. Во мај 1902 година, бил префрлен од Битола во затворот во Подрум-Кале (Мала Азија), каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. Десет месеци потоа (март 1903) бил амнестиран и се вратил во Македонија (во Смилево). Кратко време потоа заминал во Солун, каде што имал средба со Гоце Делчев. Делчев никако не успеал да го наговори Груев за отповикување на јануарската одлука на ЦК на ТМОРО за кревање неподготвено востание.

Груев не отстапил и пред силата на аргументите и пред инсистирањето на Делчев. Преземајќи ја фаталната одговорност, разговорот со Делчев ќе го заврши со зборовите: „Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“ Сигурно бил свесен за сите околности околу Востанието, но и за тоа дека Македонија, последна на Балканот, ја добива шансата да биде ослободена и да формира, по долго време, своја држава. Сепак, Илинденското востание, со кое практично раководеше тој, ќе остане забележано како востание во кое е формирана првата република на Балканот.

На Смилевскиот конгрес одржан на почетокот на мај со кој претседавал Груев, бил избран Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ. Меѓу членови на Главниот штаб, Анастас Лозанчев, Борис Сарафов, бил избран и Даме Груев, кој бил задолжен за бранење Смилевското подрачје. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на Илинденското востание. Самиот чин на кревање на востанието на 2 август 1903, Даме Груев го доживеал како историски миг за македонскиот народ, кој бил решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. Но во борбата за ослободување ги доживеал и ужасите на страдањата на својот народ. На 14 август одбраната на Смилево била пробиена, а востаниците заедно со народот се повлекле на повисоките места на Бигла планина.

По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето. Духот на Востанието ќе се преточува и за време на НОБ, кога, покрај другото, и многу партизански единици ќе ги добијат имињата на великаните од илинденскиот период: Гоце, Даме, Јане… Илинден ќе стане симбол на македонскиот непокор и светилиште за сите оние, без оглед на народноста и други предзнаци, на кои слободата им е во преден план.

Даме си остана чист македонски револуционер. Веруваше дека Европа ќе помогне во ослободувањето на Макеоднија. Но како и други пред него се излажа. По Востанието Груев останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Се застапувал да продолжи да функционира Организацијата, централизирана како тајна држава во османлиската држава, како „подземна Република“. Во 1905 година претседавал на Општиот конгрес на Револуционерната организација и бил избран за член на Централниот комитет. Сакал да се надминат поделбите но постигнатото единство на Конгресот траело кратко. Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија.
Загинал во борбата на врвот Петлец кај с. Русиново (Малешевско). Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во с. Смилево.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ВОЈВОДО❗

Пишува: Стојанче Никодиноски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Комити- Скопје со порака по повод 114 годишнината од загинувањето на Даме Груев
Следна објава Заев- Премиер, државата -тоне народот -ограбен и осиромашен, а Зоки бара Александар Николоски да си поднесе оставка
Може да Ве интересира:
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 654
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 633
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 644
И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Историски личности

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

август 13th, 2022 576
Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија
Историски личности

Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија

август 10th, 2022 615
71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров
Историски личности

71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров

јули 13th, 2022 624
Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска
Историски личности

Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска

јули 9th, 2022 568
На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори
Историски личности

На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори

јули 9th, 2022 603
На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров
Историски личности

На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров

јуни 28th, 2022 530
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

625
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1731
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1459
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.