“ ДУИ ја отфрли опцијата брзи избори што значи притисокот повторно се враќа врз пратениците. Да им дадеме поддршка на сите пратеници во насока на неменување на Уставот, но и да ги потсетиме дека пратениците треба да бидат НАШИОТ ГЛАС!
Тие НЕ СМЕАТ, НЕМААТ МАНДАТ ОД НАС да работат спротивно на нашата волја и спротивно на националните и државни интереси! Тие во моментов треба да бидат браникот на НАЦИОНАЛНОТО ДОСТОИНСТВО И НА ИНТЕГРИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Запишете се во историјата на Македонија како храбри и чесни пратеници кои успеале да се оттргнат од канџите на туѓинците и да го обелат образот на своите сограѓани! Заев ќе си оди, Заев не е претставник на мнозинството Македонци!
Парите што ви ги нудат се колнети, од нив никој фајде нема да види! Заев и дружината ќе ги снема ако не потклекнете сега во овие судбоносни денови за Македонија! Вие и натаму ќе треба да живеете со нас Македонците кои немаме намера да се откажеме од нашата Татковина и од нашите основни човекови права и слободи!
Пратеници, бидете национални херои, а не отпадници! Може нема да ве наградиме со многу пари ама за возврат од нас ќе добиете чиста Македонска љубов произведена од нашите чисти Македонски срца! Р
азмислете што ви е поважно НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ ОД СВОЈОТ НАРОД ИЛИ ПРОКОЛНЕТИ ПАРИ ЗА КОИ ЌЕ МОРА ДА ИМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ АКО БИДАТ ЗЕМЕНИ? ЉУБОВ ИЛИ КРИМИНАЛ ВАША Е ОДЛУКАТА!”
– напиша Каракамишева.