• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Татко му е неправедно осуден за тероризам од властите. За него неговиот татко е негов херој!

октомври 3rd, 2020 Политика коментари 1074

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Татко му е неправедно осуден за тероризам од властите. За него неговиот татко е негов херој!

Говор исполнет со болка и но и со огромна гордост. Вака може да се оквалификува обраќањето на младиот Никола Ѓошевски чиј што татко Горан Ѓошевски- поранешен полицаец лежи во Македонски затвор за дело кое што не го сторил.

Горан Ѓошевски е осуден на 15 години затвор за тероризам против сопствената држава… истата онаа држава на која и служел цели 25 години како дел од безбедносните сили на Република Македонија.

Неговиот син Никола стоеше гордо и со болка во срцето пред толпата насобран народ пред зградата на Министерството за правда од каде побара од ова министерство да ја исправи нанесената неправда која што е нанесена на неговиот татко и целото нивно семејство.

Во продолжение проследете го во целост говорот на младиот Никола кој протестираше вечерва против неправдата која се случува во Македонија:

“На почетокот сакам да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот г-дин Христијан Мицкоски за можноста да стојам овде гордо и исправено и да се обратам пред сите Вас присутни, но да испратам порака и до оние кои не се тука вечерва. 

Многумина од вас не ме познаваат, ќе се запрашаат и ќе се зачудат зошто вечерва токму јас сум еден од говорниците кој има можност да зборува овде пред вас. 

Mоето обраќање вечерва овде пред Вас е за уставобранителите, за жртвите од политичкиот прогон, за нашите пријатели и другари, за нашите блиски, за нашите и вашите семејства, а воедно и за мојот татко, професионален полицаец кој исто така е еден од многуте невини жртви на овој политички прогон и срамен судски процес.  

Токму денес, кога добив можност да ви се обратам Вам на оваа болна тема, случајно или не, е роденденот на мојот идол, на мојот татко кој веќе 2 години ја отслужува срамната пресуда за 27ми април.  

Срамно и жално е што не само јас и моето семејство, туку и останатите осудени и нивните семејства се жртви на овој политички прогон и монтирани судски случаи. Мене како млад човек, во 21 век, во современо општество и демократска Република Македонија,  за каква што се изнаслушавме овие години, срам ми е воопшто и да ги наречам овие судски предмети. Овие таканаречени предмети немаат ништо заедничко со правда, правдина и човекови права. Нашите семејства беа и сеуште се омаловажени, стигматизирани, ставени на  маргините на општеството, отпуштани од работа, па дури некои и со образложение дека не се подобни за извршување на работните задачи. 

Од осамостојување на Република Македонија, до тој фамозен 27 април 2017 година, малку луѓе имаа храброст, но и чест да облечат униформа, полициска или воена. Токму мојот татко Горан Ѓошевски, неговите колеги Митко Пешов, Оливер Радулов, и многу други, повеќе од 25 години беа секогаш на браникот на татковината и одлучно беа исправени и се носеа со секакви предизвици за да го сочуваат, мирот, територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија, честопати ставајќи го својот живот на коцка, па така и тој ден, 27ми април 2017година. Затоа како награда за нивната поданост кон државата добија казни по 15 години затвор.

Слободно можам да кажам дека овие луѓе, овие храбри луѓе, овие уставобранители, се најголемите жртви на политички прогон во поновата историја на независна Република Македонија. Овие луѓе се осудени само заради тоа што професионално си ги извршувале работните задачи и затоа што си ја сакаат својата татковина, својата Македонија. 

Осудени како терористи на над 200 години казни затвор без ниту еден релевантен и материјален доказ, малтретирани на контроверзни, долги и исцрпувачки рочишта кои траеа и повеќе од 10 часа секој ден во неделата, по што на крајот следеше претходно најавуваната срамна политичката пресуда.

Во контекст на ова, верувам дека голем дел од вас ја познаваат македонската историја и сличните вакви случувања во минатото. Очигледно историјата се повторува и ќе цитирам една изјава на Методија Андонов Ченто, „Верував во се, но не верував дека Македонците ќе ми судат за Македонија“. 

Исто така, морам да го напоменам следново, знам и свесен сум дека нашите блиски кои сега невини лежат робија, немаа доволно голема политичка тежина за да тргуваат и за својата слобода, и токму затоа нивната вистина не беше интересна и потребна на власта. Ама затоа тие што ја имаа таа „тежина“, клучната и добропознатата 8-ка, е токму тие во Собранието си ја купија слободата, извршија предавство на сите нас, извршија предавство на Македонија, извршија предавство  на сите жртви на политички прогон.  Нормално како награда на тоа тие си добија ослободителни пресуди, милионски тендери, иселенички визи, вработувања на цели фамилии, пари, функции и што ли уште не.

Оттука, ќе си земам за право овде вечерва, од оваа говорница, во име на сите засегнати со овој случај, да побарам од судиите, вистинска и неселективна правда и непристрасно судење според ФАКТИТЕ и ДОКАЗИТЕ. 

Барам Апелациониот суд да се издигне над политиката и да ја исправи оваа неправда која уништува човечки животи и менува човечки судбини. Но, доколку тоа не се случи, ние правдата за нашите блиски сигурно ќе ја бараме и ќе ја добиеме во Стразбур, а Република Македонија поради ова ќе биде држава која ќе претрпи огромен срам.

Ние нема да се откажеме, нема да се предадеме, нема да потклекнеме ни пред овие тешки предизвици.

На крајот, би сакал уште еднаш да кажам дека мојот татко е осуден на 15 години затвор. Баш поради оваа нова реалност, каде очигледно дека невиноста и вистината немаат вредност, професионални полицајци и уставобранители се прогласени за терористи, ама јас сум и секогаш ќе бидам, син на ХЕРОЈ.”

https://youtu.be/KDC_TB_x7M8

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во Брегалничкиот регион не стивнува пандемијата со Ковит-19. Напротив! Кочани убедливо со најголем број на активни случаи
Следна објава Вицепремиерот за економски прашања не знае да пресмета БДП, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 383
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 699
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 560
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 499
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 621
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1951
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 534
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 651
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 525
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1609
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1849
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана

Сеп 14th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.