По изјавата на академикот владо камбовски (намерно мали букви) дека организаторите на кампањата за бојкот на референдумот дека ќе бидат апсени и под прогон на надлежните институции со кривични, реагираа голем број на граѓани и експерти од правната сфера.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров исто така се јави со свој коментар по однос на ова прашање.
Во продолжение интегрално го пренесуваме неговиот коментар:
Велат, кога утките ноќе пеат, нечија смрт предвидуваат. Утката на МАНУ Владо Камбовски, пее над Владата, најверојатно ја навестува смртта на власта која на 30 септември заминува. Неотповиклива оставка на Владата и распуштање на Собранието, тоа е епилогот од безусловниот бојкот на референдумот и масовната неизлезеност на денот на гласањето! А Идризово, со конфикација на имотот на семејството, дома и во свеетот, кога и да е, не им бега. Премиерот, министрите и пратениците соучесници во велепредавството, геноцидот врз Македонскиот народ и злосторството против човештвото, Македонците ќе ги бркаат до крајот на светот. И, нема дупка на оваа земјина топка каде што можат да се скријат и побегнат од судот на правдата и народот. Исто, како што Визентал ги бркаше нацистите од Втората Светска Војна, макар пред смртна постела пред Суд и во затвор за злоделата против нацијата и човештвото…
…Кога ќе го видите Владо Камбовски со изјава по некое прашање важно за Владата, нема утка, кај премиерот и министрите е дојдено нож до коска!
Така е и со неуставно и незаконски распишаниот референдум за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Се огласи дежурниот полтрон од МАНУ, да каже дека секој отпор против неуставно и незаконски распишаниот референдум за промена на името на државата и идентитетот на нацијата е казниво по закон!
Камбовски поентира “Бојкотирањето е дозволено, но организирање на бојкот на референдум е казниво со закон!“
Каде Владо Камбовски го преспа бојкотот на референдумот на 7 ноември 2004 година, кога Владата на СДСМ спроведе државен терор и народот го сардисаа со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!“
Епилог од 2004 година беше: Го променија етничкиот состав на населението во општините, на една третина од територијата на Македонија, со механичко припојување на чисти етнички села од една во друга општина!
Наместо да каже, Владата не смее да става на референдум Спогодба која е кривично дело, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот, не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата и ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно кон Република Грција, Камбовски се обидува да ги заплаши Македонците со казна затвор поради отпор и непослушност кон најтешко кривично дело велепредавство кое Владата сака да го сподели со народот!
Наместо да каже зошто Уставниот суд не ги поништува Одлуката за распишување на референдумот донесена на 30 јули 2018 година од Собранието и Правилникот за организација на референдумот донесен на 1 и 10 август 2018 година од Државната изборна комисија, наместо да каже зошто Јавното обвинителство не ги процесуира кривичните пријави против членовите на ДИК за злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и несовесно вршење на службата, бидејќи презеле надлежност од Собранието, Камбовски се обидува да ги заплаши Македонците со казна затвор поради отпор и непослушност кон најтешко кривично дело велепредавство кое Владата сака да го сподели со народот!
Спогодбата Димитров-Коѕиас која Владата сака да ја легализира на референдум е во спротивност со резолуциите 817(1993) и 845(1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело!
Е, има едно правило во биологијата: Ако млад човек згреши, има време грешката да ја исправи. Ама, кога стар човек ќе згреши, поверојатно е дека како грешник на другиот свет ќе замине, затоа што нема време за исправка! Грешките на Владо Камбовски, не се само биологија, одамна се конвертирани во патологија. А, за таквите нема спас… Некои велат Вардар не те пере… Камбовски веќе ни ѓаволот не може да го испере…
Пишува Тодор ПЕТРОВ