Предизборната трка уште незапочната почна да наликува на борба да се биде или не за СДСМ. Оливер Спасовски во обид да обезбеди што поповолен резултат на изборите за себе и за својот Претседател Зоран Заев започна да практикува мерки што само нему му се својствени.
Вакавата панична реакција следува по малкубројниот т.н марш за правда кој што требаше да го крене моралот на партиската машинерија на СДСМ. Наместо тоа во јавноста е постигнат обратен ефект а оние малкумина кои се уште се држеа до водството на Зоран Заев дополнително се демотивираа.
Со наводи за прекршување на законските норми и правила од страна на техничкииот премиер Оливер Спасовски денеска на прес конференција говореше техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Сакам да ја информирам домашната и меѓународната јавност дека техничкиот премиер Оливер Спасовски продолжува да го попречува функционирањето на техничката Влада, а со последните случувања во соработка со дел од стручните служби во Владата направи и кривично дело фалсификување на службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување.
Имено на седницата на Владата што се одржа во саботата на 15-ти февруари, последна на гласање беше ставена точката за поништување на пет решенија донесени од моја страна за распоредување на вработени во МВР. Со мнозинство гласови Владата во десет минути пред полноќ го усвои предлогот да се поништат ПЕТ решенија, за што постои записник/стенограм. Нејасно е како оваа одлука експресно во координација со дел од службата во Владата и со одобрување од Оливер Спасовски е објавена во Службен весник Бр.41 од 15.02.2020 година, каде покрај ПЕТТЕ решенија чие поништување беше изгласано, се најдоа дополнителни 124 решенија за распоредување и 1 наредба за извршување на работа и работни задачи. Овие решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата, ниту е донесена одлука за нивно поништување.
Имајќи предвид дека ситуацијата налага итно преземање на дејствија со цел да се спречи бришење, уништување или прикривање на докази, го повикувам ОЈО да преземе дејствија за обезбедување на доказите и да спроведе истрага, во спротивно ќе биде директно одговорно за неказнетото фалсификување на одлуката на Влада. Сакам да ја искористам оваа прилика и да упатам апел до вработените во Владата кои со одобрување и по насоки на Оливер Спасовски веќе го прекршиле законот, да се воздржат од дополнителни дејствија со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите и ќе влијаат на понатамошно откривање на кривичните дела.
Истовремено ја повикувам Владата да се воздржи од идни активности во насока на мешање во ингеренциите и независноста на МВР и директно влијание врз избирачкото право на граѓаните и изборниот процес.”


