Сето она што го создаваме во текот на овоземниот живот, наоѓа свое место во вечноста на колективната свест на нашиот народ.
Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година.
Тој несомнено е најсветлата ѕвезда која што блеска на ова Македонско небо.
Со неговиот скромен дух, бескрајна посветеност на заедништвото и љубовта помеѓу луѓето, вербата во Бога и неговиот неограничен уметнички жар, тој по некоја случајност да не постоеше требаше да се измисли.
Но богатиот Македонски дух со вонвременски таленти сакаше Тоше Проески да се роди во земјата која толку многу ја сакаше.
Денеска ќе прочитате и слушнете многу зборови за Ангелот кој се надвисна засекогаш над најубавото ѕвездено небо во светот.
Вистината е дека тој малку беше респектиран од оние чијашто работа е да создаваат услови за развој на ваквите луѓе.
Истата болка трае до ден денешен, зошто Македонија има огромен број на своевидни ѕвезди во сите сфери на општествен живот…
Ѕвезди кои своето небо го бараат на друго место….
Тоше, ангелу! Малку те заслужуваме!