Пратеникот Трајчо Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница во Собранието, остро но и емотивно реагираше на дебата за одредување на нацрт амандманите.
„И да умрам во моментов нема да прифатам промена на име. Сето тоа вие со еден збор ќе го уништите. Ние имаме фамилии дома. Еднаш ќе ни прекине животот и ќе пишува историјата. Изгубивте на изборите. Се прифативте за да дојдете на изборите“
– рече Димков.


