Брок Елбанк од Лондон, е фотограф кој прави воодушевувачки портрети од луѓе со пеги. Брок на овој проект работи од 2015-та година каде реализирал голем број изложби низ повеќе држави, каде биле изложени 180 разни портрети.
Брок има издадено и книга со сите негови фотографии и искуства. 6.500 луѓе од целиот свет се пријавиле да бидат дел од оваа фотосесија, но според Брок голем процент не ги сакале своите пеги, односно се срамеле од својот изглед.
„Пегите се нешто што отсекогаш сметав дека е интересно. Но, повеќето луѓе со кои соработував изјавија дека ги мразеле додека биле мали. Ова ме фасцинира бидејќи обично луѓето сметаат дека другите изгледаат подобро од нив. Мислам дека луѓето кои немаат пеги се такви. Добив многу писма од луѓе од целиот свет кои ми кажуваат како ги мразеле своите пеги, но моите портрети направиле да се чувствуваат подобро и дека нивните пеги ги претставуваат на подобар начин.“
– раскажува Брок Брок признава дека мислењето што го имаат овие луѓе за својата кожа е она што го мотивира, и смета дека неговите фотографии им помогнале на овие луѓе да го надминат ова мислење и сега тие веруваат дека пегите може да бидат нешто навистина убаво и симпатично.