Поддршка на спортските клубови, решавање на проблемот со превозот на младите спортисти и одржување на веќе изградените, но и изградба на нови спортски објекти најави на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски.
– Како идна локална власт нудиме системска селекција, поддршка во развојот на млади таленти и спортисти од сите дисциплини со цел усовршување и постигнување врвни резултати, како и поддршка на сите талентирани спортисти од сите учиишта во Делчево и промоција на спортот како начин на живот на младите во Делчево, рече Трајковски.
Тој најави поддршка од локалната самоуправа за превоз на спортистите од спортските клубови, но поосчи дека горливе проблемот на користењето на спортските сали кои се во сопственост на делчевските училишта.
– Локалната самоуправа треба да помогне во користењето на салите, а не како до сега, тие да бидат извор на профит на директорите на училиштата. Само како илустрација, за користењето на спортската сала на делчевската гимназија за една година се плаќа по 80 илјади денари. Овие сали се во наша сопственост. Сведоци сме и дека се дозволи градската спортска сала во спортскиот комплекс да се уништи, заради негрижа и нечија неодговорност. Вакво распиништво нема да дозволиме. Нема да дозволиме уништување на спортски објекти, туку ќе овозможиме изградба на нови спортски терени, нови пешачки патеки, велосипедски патеки и осовременување на веќе постоечките спортски објекти, рече Трајковски.