• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Три години залудно работење и трошење пари за плати на Агенцијата за млади и спорт

јануари 28th, 2020 Македонија, Политика коментари 681

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Три години залудно работење и трошење пари за плати на Агенцијата за млади и спорт

Лошите состојби и неработењето на Дарко Каевски и дел од вработените лица во Агенцијата за млади и спорт беше тема на прес конференција денеска од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Влатко Неделковски од опозициската партија во јавност денеска алармираше за дел од скандалозните политики кои што раководните лица во АМС ги спроведуваат во изминатиот период.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:

Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски и нововработените негови другарчињата не познаваат ниту еден законски пропис, особено при реализацијата на капитални инвестици, па три години не видовме ама баш ништо. Со тоа, претседателот на СДММ седнува на пиедесталот на неспособни кадри на СДСМ кои својата функција ќе ја напуштат без ниту еден реализиран проект, вели Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога го презеде кормилото на Агенцијата за млади и спорт во Јуни /2017, Каевски затекнал доспеани времени ситуции за претходно започнати проекти. И покрај тоа што во Буџетот за 2017 година биле предвидени средства за нивно плаќање, Директорот и неговите наредбодаватели одлучуваат да не ги платат во тековната година, туку истото го прават во текот на 2018-та година. Дали ова укажува дека само купувале време за да се пазарат и да ги рекетираат оние на кои Агенцијата им должи за веќе изградени објекти? Приказната за базенот во Охрид  стана историска. Па како и не би станала кога на власт го имаме СДСМ и најнеспособниот директор во историјата на Агенцијата-Каевски. Се изнагледавме тепачки на градилиштетото кај Билјанини извори, но не видовме ниту еден потег на Каевски со кој ќе ја подобри динамиката на изградба и ќе го стави во употреба базенот до крај на 2019-та, како што  впрочем и одговорил на пратеничко прашање во Собранието. Каевски сега мора да одговори дали потпишал Анекс за продолжување на рокот за изградба на базенот, наместо раскинување на договорот за изведба и наплата на пенали? Дали рокот за изградба е третпат продолжен и колку тоа ја чини државата? Крај на незаконието во агенцијата е последниот тендер за изградба на затворени пливачки базени. Каевски првично вети изградба на 29 базени кои ќе чинеле по 50.000 евра еден. Каевски, кој што семејно е во градежниот сектор би требало да знае колку чини еден таков проект.

До сега три пати е објавен оглас за градба на базени. Тендерите во  март за 14 базени и октомври за 6 базени пропаднаа, а на последниот од 01.11.2019 година, најниската понуда била за неколку десетици проценти повисока од проценетата вредност наведена во тендерската документација. Понудата се коси со одредбите од законот за јавни набавки и законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Останува отворено прашање  како Каевски и СДСМ ќе реагираат на мислењето кое треба да го издаде управната контрола од Бирото за јавни набавки, која постапува по службена должност за секоја постапка за набавка на над 2.000.000 евра, согласно член 172 став (3) од ЗЈН? Јасно е дека или тендерот ќе биде поништен по трет пат и Каевски уште еднаш ќе ја покаже својата неспособност, или ќе добиеме екстремно скапи базени кои ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Дека сето ова е вистина потврдува и фактот, дека нивото на реализација на капиталните инвестиции во спортот за 2019 со се кратењето во ребалансот е околу 53%. Во минатите 3 години кумулативно пропаднаа околу 4 милиони евра, средства кои неспособната гарнитура во агенцијата требаше да ги вложи во спортската инфраструктура, како што се и базенот и во Струга, Домот на спортови, предвидените сали за боречки вештини. За сето горенаведено, бараме да се поведе истрага и органите на прогонот да отворат постапки за овој и сите претходно обајвени скандали поврзани со злопотреба на службената положба на Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. СДСМ и Заев се виновни за поразите измамите и криминалот за што на 12-ти април следи одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Лавицата" Дафина Стојаноска во Македонскиот парламент го носи транспарентот кој го уплаши Јовевски
Следна објава "Земјотрес" на 1-ви февруари во Скопје
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 721
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 675
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 703
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 373
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1325
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1854
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1499
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.