• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Трипуновски: градежно земјиште од 73 000 м2 во Скопје дадено како земјоделско, за закуп од 5000 денари

ноември 3rd, 2022 Македонија коментари 357

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Трипуновски: градежно земјиште од 73 000 м2 во Скопје дадено како земјоделско, за закуп од 5000 денари

Серијалот со скандалот за давање на закуп на градежно земјиште под образложение земјоделско земјиште во државна сопственост од страна на министерот Љупчо Николовски продолжува и денес.

Имаме сериозни индиции дека Љупчо Николовски ја злоупотребил својата позиција и како министер за земјоделство шумарство и водостопанство, на нелегален начин давал под закуп огромни земјишни парцели, претставени како земјоделско земјиште, а всушност се работи за градежно земјиште во Скопје, денес ќе го објавиме вториот договор, кој се темели на истиот шаблон кој го презентиравме вчера.

Ова е договорот кој министерството, застапувано од Љупчо Николовски, како министер го склучило со извесен Орхам Чоловиќ, договорот е со датум од 4 јули 2022 година со архивски број 39-771014/1. Предмет на договорот е закуп на земјоделско земјиште во вкупна површина од 73.031 метар квадратен во општина Бутел за подигање на долготраен лешников насад за период од 70 години.

Фактичката состојба е дека не станува збор за земјоделско земјиште, туку за градежно неизградено земјиште на територија на општина Бутел, во површина од над 73 илјади метри квадратни.

Со овој договор, Николовски му овозможува на закупецот да присвои над фантастични 73 илјади метри квадратни градежно земјиште во Бутел по цена од 5.745 денари годишна закупнина.

За нештата да бидат појасни и за тоа за каква измама станува збор, се гледа од фактот што метар квадратен градежно земјиште во тој реон се продава од 150 евра па нагоре, односно за таа парцела би се потрошиле околу 11 милиони евра.

Повторувам почитувани, Николовски дава парцела од над 73 илјади метри квадратни по годишна закупница од 5.745, која всушност истата по реална цена чини околу 11 милиони евра.

И ова е втор ваков договор кој Николовски го потпишал во општина Бутел, и под превезот на земјоделско земјиште дава под закуп ексклузивни градежни парцели.

Постои основано сомнение, дека ова е дел од поширок разработен план, кој требало да заврши со Законот за откуп на земјоделско земјиште, кој владејачкото мнозинство на СДС на сила го турка во Собрание, со што ќе им се овозможи на закупците кои на нелегален начин добиле договори за закуп да го откупат земјиштето за евро по квадрат, а да го препродадат за неколку милиони евра.

Имено, сето ова е откриено заради општина Бутел, која преку допис испратен до министерството бара од МЗШВ да одговори дали е склучен договорот и доколку е, веднаш да го раскине бидејќи се наоѓа во градежен реон.

Почитувани,

Ова е втор ваков договор, а поседуваме уште кои што во следните денови ќе ги објавуваме и ќе и презентираме на јавноста за каква измама и кривично дело станува збор. Основано се сомневаме дека ова не е случајност, туку се работи за организирана шема на Николовски, за отуѓување на државно земјиште на ексклузивни локации, кои треба да бидат откупени за народски кажано џабе, а потоа да бидат препродадени за милионски суми.

ЈО и институциите да не чекаат, и веднаш да отворат постапка за овој огромен скандал.

Ние продолжуваме со објавување нови детали, како Николовски штанцал нелегални договори и на тој начин го раскрчмувал земјиштето во сопственост на државата.

Одговорност мора и ќе има.

-интегрален текст на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Вака изгледа изолирана земја која поим нема што прави па мора некој над глава да му седи на премиерот
Следна објава Докторката на науки Бисера Костадиновска Стојчевска мисли дека Битола постои 78 години
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 506
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 483
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 491
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1139
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 472
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 535
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 276
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 355
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 500
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

589
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1182
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Горазд Росоклија -  ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Македонија

Горазд Росоклија - ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Мар 12th, 201925
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201925
Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?
Македонија

Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?

Окт 25th, 201722
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.