Турција е земја која маѓепсува, и ако сте ја посетиле еднаш, тогаш со сигурност ќе ја посетите неколку пати.
Природата со која изобилува е неверојатна, луѓето се гостопримливи и ретко зборуваат англиски или некој друг јазик, бидејќи се верни на својот јазик и својата традиција.
1. Турски одморалишта

Кога се зборува за одморалиште во Турција тогаш прво што би посетиле треба да биде Кападокија. Полна со неверојатни пејзажи и историја. Речиси е невозможно да најдете нешто слично во некоја друга држава. Во Кападокија можете да живеете во хотел во пештера или да летате со балон. Ова е едно од најромантичните места во светот.
2. Турски појадок

Турскиот појадок е дефинитивно уникатен, и различен од навиките за појадок во многу држави. Доколку сте се разбудиле во Турција тогаш сигурно ќе појадувате: џем, маслинки, сирење, месо, мед, разни видови леб, јајца и се разбира, овошје и зеленчук.
3. Турска симит погача

Пекарите во Турција се навистина традиционални. Турската симит погача е кружно лепче со сусам што наликува на ѓеврек. Се продава на секој чекор во оваа земја.
4. Шопинг во Турција

Постојат многу трговски центри во Турција, но најинтересни се хаотичните пазари. Прво правило е ценкањето и интересно е што секој продавач ќе се обиде бесплатно да ве нахрани со домати, маслинки или јаткасти плодови и никогаш нема да си заминете гладни. Шопингот во Турција дефинитивно е доживување.
5. Турски миленици

Турците навистина сакаат миленици. Тие ги носат животните насекаде, па дури и во нивните канцеларии. Турците особено ги сакаат мачките. Нема турчин или турски дом во кој не живее мачка.
6. Турски чај

Чајот е толку популарен во Турција што можете да го пиете и до 20 пати дневно. Во Турција да не пиеш чај те сметаат за душман.
7. Улична храна во Турција

Уличната храна во Турција е најинтересна. Школките можете да ги најдете на секој чекор. Турците ги приготвуваат школките малку лути и со многу сок од лимон. Посетете ја Турција и уживајте во нејзината традиција и убавина.



