После вчерашната пресконференција јасно ми стана дека воопшто не било тешко да се влезе меѓу познатите светски личности. Доволно било со некого телефонски да поразговарате, мислејќи дека е некој друг (додека тој навистина е друг од другиот на кој мислите) и автоматски станувате дел од познатите, значајни личности од политиката и уматеноста во светот, како што се Борис Џонсон, Макрон или Елтон Џон.
Значи, уште веднаш (во овој миг!) нека ви се јави некој, лажно претставувајќи се, неговиот идентитет не го проверувајте и (оп!) веќе сте меѓу значајните. Не мора да ве фотографираат тајни служби, да ве следи с о м н и т е л н о лице, ниту на помош да го повикате Нушиќ. Не, доволно е да водите фалш телефонски разговори и сè ќе биде во ред.
Сега, дозволете, на ред е Елтон Џон, нашата инспирација и нашиот стратешки партнер.
Повелете, господине Џон.