Убаво рече денес Заев дека не постои земја, членка на ЕУ, која направила повеќе од Република (терминот на с) Македонија. Единствено не каже/прецизира дека ниту една членка на ЕУ не направила повеќе о т с т а п к и, отколку Македонија. Сепак, и покрај сите отстапки и понижувања, Македонија не се наоѓа ни на почетокот од преговорите, туку е надвор и од п р е т п о ч е т о к о т, бидејќи (станува сѐ појасно) дека не е во прашање влезот на Македонија во ЕУ, туку во прашање е нејзиното исчезнување, заедно со нејзиниот народ – Македонците.
Љубомир Цуцуловски: ПРАЗЕН ПРЕТПОЧЕТОК
