Со кое право македонските политичари одат по европските институции и мољакаат (токму така, м о љ а к а а т!) Македонија (по секоја цена) да биде примена во ЕУ и со кое право ЕУ, на зградата на нејзиниот Инфо Центар во Скопје, поставила напис со огромни букви „ЕУ за тебе!“? И едните и другите, и македонските политичари и европските бирократи треба еднаш да разберат дека македонскиот народ не е ниту сироче, ниту просјак, ниту од некого нешто бара да му се даде само онака, тукутака. Ако македонскиот народ нешто бара, тогаш бара да биде третиран на оној начин на кој заслужува – д о с т о и н с т в е н о! Или, можеби, зборот достоинство за некои е непознат?