После успешните неуспеси на македонските власти (верувајте, не е лесно да се биде успешен во неуспех) се сетив на една вистинска, животна анегдота. Мажот со месеци се жалел дека со здравјето не чини. Успеале некако (биле сиромашни) да соберат неколку стотини евра, за да се прегледа во успешна приватна клиника. После темелните испитувања, клиниката ги известила дека со мажот (со оглед на возраста) сѐ е во ред. Слушајќи го резултатот, сопругата, во целосен очај, извикала: „Јазак, толку пари се потрошија, а на човекот ништо не му најдоа! Барем нешто да најдоа.“ Така е и со Македонија. Се даде и се продаде скоро сѐ што се имаше – и, на крајот, ништо! Сѐ отиде џабе. Јазак!



