• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Атентат врз Александар Стамболиски

октомври 12th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1815

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Атентат врз Александар Стамболиски

Атентатот врз Александар Стамболиски бил извршен на 14 јуни 1923 година во селото Славовица, Бугарија. По извршениот преврат во државата, била извршена жестока и сурова егзекуција на лидерот на БЗНС и бугарски премиер, Александар Стамболиски и неговиот брат Васил Стамболиски. Главна улога во ликвидирањето на Стамболиски имал Воениот сојуз, меѓутоа таквите политички случувања биле искоритени од Александров и ВМРО да се ослободат од својот непријател со што дирекно биле вмешани во овие случувања.

За време на 9-то јунскиот преврат, кој бил најмногу концентриран во престолнината Софија, претседателот на владата Стамболиски се наоѓал во вилата на неговото родно место, Славовица, во близината на градот Пазарџик.
Кон селото Славовица се упатил одредот на поручникот Попов, кој добил наредба од новата власт во Софија да го уапси Александар Стамболиски. Настанала вооружена престрелка помеѓу двете вооружени групи, која поради подобрата положба и вооружување на обезбедувањето на Стамболиски, завршила со нивна победа.
Стамболиски охрабрен од првобитниот успех и лојалноста на неговите приврзаници, решил да дејствува. По негова наредба на Стамболиски, биле истрелани противградобијни ракети, по што за кратко време се собрале неколку илјади приврзаници на земјоделската влада. Бројот на вооружените луѓе во селото Славовица и неговата околина изнесувал околу 1500 селани спремни за одбрана на земјоделската влада и нејзиниот претседател.

Сменетиот бугарски премиер, се решил со неколку илјадната војска на негови приврзаници да го нападне градот Пазарџик. Додека траел земјоделскиот поход на Пазарџик кон селанската армија успеал да се приближи вооружениот одред на мајорот Попов, кој повторно се судрил со приврзаниците на Стамболиски, но поради бројната надмоќност на последниот, повторно бил поразен и покрај дополнителната воена помош што ја добил од превратниците. Во такви услови градот Пазарџик бил заобиколен од три страни од војската на Стамболиски, кој бил сигурен во воената победа и заземањето на градот. Во опсадата тој добил помош и од неговиот брат Васил Стамболиски, кој што застанал на чело на еден дел од вооружените формации. И кога потпаѓањето на градот во земјоделски раце веќе било речиси извесно, на помош на опсадените приврзаници на новата власт им дошло воено засилување од гарнизонот во градот Пловдив и тоа токму од страната на градот која не била опсадена. Надмоќната и добро вооружена војска на 9-то јунските превратници, која имала и поголемо воено искуство од селанската војска на земјоделскиот водач, извојувала победа пред градот Пазарџик и целосно ги разбила своите противници.

Александар Стамболиски останал само со неколкумина свои најверни приврзаници и неговиот брат Васил. Пред постојаните потери кои настојувале да му влезат во трагата на Стамболиски, групата се упатила во правец на неговото родно село Славовица. Овде Стамболиски решил групата да се растури, по што и покрај настојувањата на неговите другари преку планинските превои да побегне надвор од земјата, тој останал и со надеж дека ќе биде уапсен и однесен во престолнината Софија, каде се надевал на праведен третман од новата власт.

Воените кругови блиски до превратниците, со директна наредба на генералот В’лков, во таа област испратиле специјален одред со задача Александар Стамболиски да биде фатен жив. На чело на тој одред биле поставени полковникот Славејко Василев и капетанот Иван Харлаков.

Стамболиски сам талкал по околните села и преправајќи се дека бил трговец со дрва од селаните успеал да дознае за дефинитивниот преврат во државата. Во обидот да помине низ селото Голак, тој бил препознаен од едно воловарче, кое го пријавило на најблиските органи на власта и така сменетиот бугарски премиер паднал во заробеништво на новата власт во Бугарија. Стамболиски паднал во заробеништво на Славејко Василев.
Со автомобил Александар Стамболиски бил одведен во воениот гарнизон во Пазарџик, каде приврзаниците-офицери на новата власт се обиделе да го линчуваат.
Најтешкиот дел од заробеништвото на Александар Стамболиски започнал од моментот кога неговите мачители го одвеле во вилата во родното село Славовица, каде започнале суровите измачувања.

Постојат две верзии за тоа кој бил одговорен за инквизиторските методи применети против земјоделскиот водач. Според едната, главната улога во тоа ја имала ВМРО, повикувајќи се на податокот дека во вилата на Стамболиски во селото Славовица од страна на капетан Харлаков му била прочитана смртната казна на водачот на земјоделците од името на ВМРО и Воената лига, по што и покрај противењето на Стамболиски започнале сурови измачувања врз него и неговиот брат.

Главен инквизитор бил скопскиот војвода на ВМРО, Величко Велјанов – Чичето, заштитен и обезбедуван од 30-тина четници на Организацијата. Бугарскиот премиер и неговиот брат биле измачувани, постојано биле принудувани да се збогуваат, биле натерани да си ги ископаат своите гробови, за да на крајот откако со нож му биле исечени ушите и носот, со десетици убоди, Стамболиски бил најѕверски убиен. Измачуваниот земјоделски водач, веројатно со крајни, натчовечки напори пред да почине успеал со крв на еден камен да го напише часот, денот, месецот и годината на неговото убиство: 12 ч. 14 јуни 1923 година.

Според втората верзија, пресуден збор за судбината на Александар Стамболиски имал капетанот Харлаков. По негова наредба Стамболиски од неговите мачители најпрвин бил навредуван, понижуван, пцуен и омаловажуван, а потоа започнале физичките измачувања со немилосрдно тепање. Стамболиски бил принудуван да ги носи на грб неговите мачители, кои покрај тој срамен чин, го боделе со своите ножеви за да оди побргу, а воедно започнале да го тепаат и со камшици.

Во исто време, во една друга куќа во селото бил фрлен во заточеништво и неговиот брат Васил Стамболиски. По извесно време иследниците му соопштиле дека имаат намера да го однесат кај неговиот брат Александар, на што свесен за нивните намери тој остро се спротивставил, не сакајќи да го гледа со свои очи измачувањето на брата си.

Со употреба на насилни средства Васил Стамболиски бил качен во автомобил и бил однесен во вилата на неговиот брат, каде двајцата, облеани во крв и унакажани од мачење, биле принудени да гледаат еден во друг и да се надеваат дека ужасите ќе бидат прекинати со смрт, која во таа очајна состојба им изгледала како награда и спас од инквизициите.

Но тогаш започнало уште пожестоко и сурово измачување на двајцата браќа. Еден од мачителите со нож му ги отсекол ушите на Александар Стамболиски, друг почнал да му сече делови од нозете, додека трет му забивал нож во градите. За да биде уште поголема агонијата на сменетиот бугарски премиер, мачителите со хируршка точност ги забивале ножевите во телото на жртвата во длабочина што нема да предизвика брза смрт, за да биде продолжено измачувањето.

Врв на садизмот и на инквизиторските методи бил моментот кога иследниците се обидувале да го натераат Александар Стамболиски да јаде делови од своето тело и да ја пие својата сопствена крв. Раскинатите делови од телото на несреќниот земјоделски водач тие му ги давале да ги држи на неговиот брат Васил, кој не можејќи да го издржи тој момент, починал во најголеми маки. Суровостите на крај завршиле со тоа што мртвото тело на Александар Стамболиски било исечено на 75 парчиња.

Утредента четниците на ВМРО го закопале мртвото тело на Стамболиски во лозјето на неговата вила. Меѓутоа полковникот Василев по прегледот на вилата и гробот без крст на убиениот, му наредил на капетанот Харлаков и на поручниците Крстев и Сава Савов да ги закопаат посмртните останки на некое поскришно место во близина на реката Марица.

Според некои мислења, постоело и трета промена на локацијата на гробот на Александар Стамболиски, која има елементи на легендарност, бидејќи Стамболиски имал голема популарност среде широките селански маси во Бугарија. Имено, според неа, по извесно време водите на реката Марица ги откриле посмртните останки на Стамболиски и тие случајно биле пронајдени од некој селанец од околните села. Селанецот ги собрал остатоците од телото на покојниот бугарски премиер и тајно ги закопал во својата нива и за локацијата на гробот ги запознал своите соселани, додека местото на новиот, трет по ред, гроб на Александар Стамболиски останало непознато за новата бугарска власт.

Во врска со убиството на Александар Стамболиски се провлекувала уште една недоволно испитана работа, а тоа било тврдењето дека по егзекуцијата капетанот Иван Харлаков лично му ја пресекол главата на починатиот и во торба ја однел во престолнината Софија за да им ја покаже како триумфален предмет на водачите на 9-то јунскиот преврат. И по дваесетина години од настанот Харлаков не дал точен одговор кому му ја однел главата на убиениот бугарски претседател на владата. Според едно мислење главата била однесена во Софија, била шпиртосана и оставена да биде земена од тој што ја нарачал, додека според други таа била однесена некаде во странство, запалена, а пепелта била вратена назад во Бугарија, каде била и закопана.

Извори:
1. Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год
2. Дончо Даскалов, Политически убийства…цит., 84/85.
3. Убиецътъ на Александъръ Стамболийски говори…, Софија, декември 1944 година, 35.
4. Убиецътъ на Александъръ Стамболийски говори…, Софија декември 1944 година. 48.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пишува: По патот на Македонската историjа

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: ЗА ЏАБЕ...
Следна објава ВМРО-ДПМНЕ во соработка со официјални лица на Ватикан
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 386
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 642
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 773
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 419
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 406
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 669
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 433
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 734
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 406
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4060
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1496
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1054
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201920
Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"
Македонија

Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"

Авг 4th, 201817
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.