„Во една гинеколошка установа, една жена спонтано абортирала. Кога се вратила дома почнало страшно крварење. Jа префрлиле во болница. Oвде, наместо веднаш да им ја препуштат на хирурзите, ја сместиле во чекалната и ја оставиле да чека р е д, меѓутоа не на хируршка маса, туку да дојде дежурниот службеник за да го пополни анкетниот лист. Напразно му говореле на службеникот дека болната крвари, дека анкетниот лист може и после да се пополни… Ништо не помогнало. Ни несреќната жена, кога дошла на ред, не била поштедена од вообичаената процедура: ги проверувале документите, ѝ поставувале прашања за висината, за образованието, националноста, бидејќи во вакви моменти националноста е многу важна, особено кај нас, во…“
Без возбудување. Ова не е новински извадок, ниту е во Македонија, туку во СССР. Претставува извадок од расказот „Глупава ограниченост“, напишан 1935 год. од познатите сатиричари Иљф и Петров. Секоја сличност со стварноста во СССР, претпоставувам дека не е случајна.


