Координативен состанок со раководители на групи пред настап на Меѓународен фолклорен фестивал “Голачки фолклорни средби 2010” во Делчево
Во присуство на претставници на Министерството за култура, директори на Центри и Домови на култура во РМ и етнокореолози денеска во Неготино се одржа работен состанок на кој се разгледуваше и се расправаше по предлог-стратегијата за вклучување на етнокореолозите во културните установи во земјава.
На присутните им се обрати и настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој даде поддршка за вклучување на етнокореолозите во функционирањето на Центрите и Домовите на култура, државните фестивали и семинари, односно секаде каде што во работењето постои основ за вклучување на професијата етнокореолог-стручно кице кое се занимава со изучување на македонската традиција и македонските традиционални ора. Ова, според Делков, е од причина што во Македонија за разлика од други земји, етнокореолозите не се доволно искористени како научни и стручни лица, а можат на населението да му понудат едукација и подигнување на нивото на традиционалната култура во Македонија. Присутните на денешниот состанок покрај за предлог-стратегијата, расправаа и носеа заклучоци и за визијата и мисијата на истата преку вклучување на етнокореолозите во културните установи во земјава.
Извор: Општина Неготино
Состојбата со постоење на профил на занимање на поединци со етнокореологија на локално ниво во Делчево и регионот повеќе години наназад е статус кво во поглед на кадрови решенија кои се работно ангажирани во домовите за култура или ннационалните установи.
Во НУЦК “НЈ Вапцаров” Делчево не постои работна позиција етнокореолог. Од директнио сознанија во текот на изминатите години во институцијата беше создадена и активно работеше фолклорна група која го носеше името на институцијатаа низ која поминаа генерации на млади деца и ученици. Во неколку наврати во текот на последните речиси 10-тина години беа хонорарно ангажирани во кратки временски интервали, соработници и ентузијасти за проучување на фолклорот и народната музика и ора, но ова иницијатива лесно се гасеше повторно и повторно во недостиг на финансии.
Како дел од КУД “Гоце Делчев” Делчево најсветол пример е работата на фолклорната група која егзистира повеќе од повеќе денцении со која управува стручно квалификувано лице како етнокореолог.
Во рамки на работата на Здружението фолклорна група Копачка с. Драмче Делчево во изминатиот период од речиси 40-тина години активно работи како раководител стручно лице кое важи за еден од најголемите фолклористи во државата, г-динот Димитар Узунски, со кој групата ги постигна најголемите успеси на афирмација на своето постоење и работа, впишувајки го орото Копачка како нематеријално културно наследство од значење за човештвото на репрезентативната листа на УНЕСКО.
Во КИЦ “Романса” во Македонска Каменица постои лице вработено за оваа дејност (помеѓу сите други работни задачи кои се вклучени како опис во неговото работно место) кое активно управува со КУД “Вера Јоциќ” во изминатиот период. Каква ќе биде иднината на овој светол пример останува да видиме.
Потребата за ангажирање на етнокореолозо во културната дејност и во јавните институции во државата и на локално ниво е особено неопходна во екот на светските глобализациски процеси и тенденцијата за асимилација и губење на традиционалните вредности на нашиот народ.