• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Љупче Петрески: БОГАТИОТ МЛАДИЧ И ХРИСТОС

декември 14th, 2019 Македонија, Став коментари 718

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Љупче Петрески: БОГАТИОТ МЛАДИЧ И ХРИСТОС

Во пресрет на утрешното евангелие.
Душава ми е натажена додека заминувам од Тебе, Господи. Не очекував ваков одговор. Но, зарем и твојот првенец, апостолот Петар, не се натажи, кога по трет пат го праша за неговата љубов кон Тебе? Само што … за разлика од мене, тој остана крај тебе. Одеше по Тебе.

А јас заминав.

Ти знаеш Господи, дека занесот и огнената желба, да правам големи нешта во животот, ме доведоа кај Тебе. Ме влечеше стремежот за вечен живот. Мојот разговор со Тебе – беше моја молитва. Ги слушна моите желби, моите повторени прашања.
Ме поучи дека само Бог е добар. Ме потсети на заповедите, да го чувам животот, брачната љубов, вистината, и да го сакам ближниот како себе си.

Сето тоа го исполнував и пазев. Или … јас, само така си мислам? Ги исполнував затоа што навистина, искрено бев заинтересиран и убеден дека со нивното исполнување ќе го задобијам вечниот живот ИЛИ, ПАК, ги исполнував затоа што на некој цивилизациски начин ми беа наметнати и ги почитував поради обичаите и преданието? Што би се рекло – ги исполнував според некаков цивилизациски автоматизам! Морам да бидам самокритичен и да си признаам Господи, дека има вистина во тоа. И навистина, на таков начин исполнувајќи ги, не се почувствував исполнет и не видов дека сум остварил некаков близок однос со Тебе.

Затоа и Те прашав – што ми недостасува? Но, Твојот одговор ме порази и натажи. Зарем тоа не е претерано барање? Зарем тоа не е премногу?
Тешко е да се напушти вообичаената благосостојба, Господи. Зарем да се откажам од сите удобности? Се навикнав на нив, ми сраснаа околу срцето. Па јас толку години се трудев да го стекнам тоа богатство, за да можам денес да уживам во него. Вложив многу време, труд, пот, за да го имам. Вложив се’ за да го стекнам моето богатство. Навистина работев напорно, и речиси ништо друго не ми беше важно. Не дозволував ништо да ми попречува во исполнувањето на мојата цел. И сега, Ти бараш од мене, туку-така да се откажам од него? Зошто такво барање? Зошто, Тебе Господи, тоа Ти е толку важно?……. Се прашувам, дали Ти е важно, затоа што мене, моето богатство ми е важно? Дали затоа што му давам преголемо значење?

Ако е таа причината, тогаш морам да признаам дека си премудар и навистина гледаш во срцата на луѓето. Зашто, навистина, и покрај целото богатство, покрај луксузот во кој живеам, покрај тоа што можам речиси се’ да си приуштам, сепак, често, се чувствувам празно. И тоа чувство со време, расне во мене. Напати, некакво неописливо студенило ми го завива срцето.

И не само тоа! Признавам пред тебе Господи, дека, трчајќи да го стекнам богатството заборавив на пријателите и роднините, на своите ближни. Забележувам, како повеќе да не припаѓам меѓу нив. Не сум истиот човек.

Ех, сега разбирам Господи. Не го поседувам јас богатството ами тоа мене ме поседува. Всушност, јас не сум богат човек, ами сиромав. Трупајќи материјални богатстсва, јас духовно сум осиромашил. Јас бев убеден дека со исполнувањето на заповедите, те имам во срцето, но сум грешел. Таму, сум го имал богатството! Навистина, не за џабе рекол нашиот народ: „Парите го менуваат човекот, ама ретко кога на подобро“.

Господи, Ти знаеш дека во моето срце тлее желбата за совршенство кое доаѓа од Тебе, Твое е. Ти си совршен. Но, јас сам, со свои сили, не можам да го достигнам. Без Тебе, ништо не можам.

Затоа, ПОВИКАЈ МЕ! Речи ми ДА СЕ ВРАТАМ!

И ќе се вратам. Своите земни добра и сите таланти на душата ќе ги предадам во Твоите раце! И гревовите свои. А ти – ти дарувај ми мудрост и светлина да ги гледам Твоите сиромаси и да одам по Тебе.

Пишува: Љупче Петрески

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мицкоски: Да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита на посебноста на македонскиот јазик
Следна објава Дескоска возврати на "оганот" од Груевски
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 711
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 644
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 667
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 603
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 693
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 368
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 669
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1203
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1736
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1478
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.