Уставните судии настапија за да ги отфрлат иницијативите на Светскиот Македонски Конгрес и на Левица за поништување на Одлуката за распишување на референдум на 30ти септември.
Образложението на судиите беше дека референдумското прашање не е за членство во ЕУ и НАТО, туку за Договорот со Грција за промена на името на државата во Северна Македонија и за трансформација на државата Македонија во територија без македонски народ и историја.
При тоа судиите отфрлија расправа за Договорот за Грција затоа што тој не бил предмет на разгледување, туку само Одлуката за распишување на референдумот.
Тоа е контрадикторно бидејќи содржината на Одлуката за распишување на референдумот е токму референдумското прашање (кое содржи три прашања во едно).
Уште поскандалозно е резонирањето на Уставниот суд дека ЕУ не е сојуз на држави и затоа референдумот не подлежи на процедурата од членот 120 на Уставот.
Тој член обврзува Одлука за членство во сојуз на држави да се донесе со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120) во Собранието, а да стапи во сила кога за неа ќе гласаат “ЗА” мнозинството (904.000) од вкупниот број запишани избирачи (1.808.000).
Уставните судии така го погазија референдумот од 8 септември 1991 година кога народот во апсолутно мнозинство гласаше “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки.
Одлуката од тој референдум е задолжителна за сите, па и за судиите.
Уставниот судија Јован Јосифовски укажа дека врз судот бил вршен притисок да одлучи како што одлучил. Само Јософовски и судијата Елена Гошева од вкупно девет уставни судии не биле повикани на разговори за да им бидат дадени директиви како да постапат.
НЕ ГЛАСАМ НА НЕЛЕГАЛЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО, БОЈКОТИРАМ!
Превземено од: