“
Заврши асфалтирањето на патниот правец Древено – Лесново.
Во периодов следи поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација со што целосно ќе заврши овој проект. Со реконструкцијата патниот правец е проширен, со што значително се допринесува за поголема безбедност во сообраќајот.
Општина Пробиштип работи за подобра инфраструтура за сите населени места во неа, со овој проект ги подобруваме условите за развој на туризмот во нашиот репрезент – Лесновскиот манастир, пештерите, вулканските карпи, можност за подобра пристапност до патеките за планинарење и велосипедизам.
Проектот е финансиран од Министерство за транспорт и врски, а го реализира Јавното претпријатие за државни патишта.”
-стои во соопштението упатено до јавноста на градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов – Ладич


