• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Јавните здравствени установи не обезбедиле доволно услуги за граѓаните на товар на Фондот со што профитирале приватните установи

јули 22nd, 2022 Македонија коментари 332

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Јавните здравствени установи не обезбедиле доволно услуги за граѓаните на товар на Фондот со што профитирале приватните установи

“Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со
ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на РСМ за 2020
година.

Изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на
финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со
релевантната законска регулатива за 2020 година.

Во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во Јавните
здравствени установи (ЈЗУ) и несклучени договори со Приватните здравствени
установи (ПЗУ) за дијагностицирање на COVID-19, не се обезбедени доволно
здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот.

Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на
пандемијата на ниво на РСМ извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33
лаборатории ПЗУ и ЈЗУ, од кои 1.337.238 се PCR тестови, а остатокот се брзи
антигенски тестови.

Структурата и трендот на движење на извршените PCR тестови и бројот на
лаборатории во ЈЗУ и ПЗУ од почетокот на пандемијата во март 2020 годдина заклучно со март 2022 година се прикажани на следните инфо-графици:

Бројот на направените тестови и висината на цената на овие услуги во приватните
лаборатории во различни периоди укажува на одлив на финансиски средства на
граѓаните во приватното здравство. Сметано по најниската наплатена цена, според
јавно достапни информации, од 1.400 денари и 819.240 тестови1 направени во ПЗУ за
две години, станува збор за износ не помал од 18,6 милиони евра, не земајќи ги
предвид и брзите антигенски тестови и повисоко наплатените цени кои се движеа и
до 5.500 денари по тест.

Постои нерамномерен сооднос при вршењето на кардиоваскуларно – хируршки
здравствени услуги во 2019 и 2020 година меѓу ЈЗУ и ПЗУ. Имено, Фондот има
склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330 илјади денари
од кои 95% од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени
од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија која иако располага со квалификуван кадар,
ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето
на здравствената дејност.

Ревизорите нагласуваат дека е неопходно Министерството за здравство да преземе
активности за обезбедување на потребните услови во ЈЗУ, како би се постигнала
поголема конкурентност на јавното здравство во областа на вршење на
кардиоваскуларно-хируршки здравствени услуги. Особено што обемот на извршени
услуги во ЈЗУ е значително помал од договорениот надоместок што им го исплатува
Фондот, па зголемувањето на обемот на здравствени услуги нема да предизвика
дополнително одлевање на значајни финансиски средства кон ЈЗУ, а ќе влијае на
намалување на одливот на финансиски средства кон ПЗУ.

Со извршената ревизија, констатирани се слабости во спроведувањето на интерните
и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните
медицински интервенции реализирани од ПЗУ.

Поради здравствената криза во 2020 година бројот на теренски контроли кај
здравствените установи е намален за 74% со што се зголемува ризикот од
признавање и плаќање на здравствени услуги во вид и обем различен од реално
извршениот. Според презентираните информации, во 2020 година извршени се
вкупно 83 контроли кај здравствени установи, наспроти 472 во 2019 година.
Соодносот на извршени контроли и утврдени неправилности по нивоа на
здравствена заштита во 2019 и 2020 година се прикажани на следниот графикон:

Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка
здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а кај истите се
утврдени неправилности во 85% случаи.
Исто така, во ревизорскиот извештај се наведени состојби на утврдени
неправилности и непочитување на роковите при вршењето на контролите и
изрекувањето на договорните казни, што пак влијаело да не се санкционираат
здравствените установи кои не постапуваат согласно склучените договори со
Фондот.

Во постапките за упатување за лекување во странство на осигурените лица не е
обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и
анализи на успешноста на лекувањето. Фондот има евидентирано аванси за
лекување во странство дадени на странски здравствени установи во износ од 209.772
илјади денари, за кои нема точни информации за статусот на лекувањата поради
необезбедена документација.
Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата
обелоденува за начинот на плаќање на извршените услуги на здравствените
установи, укажувајќи дека не е обезбедено вистинско купување на услуги
предвидено со Законот за здравствено осигурување. Истовремено во овој дел се
потенцираат и состојбите настанати кај ЈЗУ како резултат на здравствената криза
предизвикана од пандемијата на COVID-19 во 2020 година. Имено, во 2021 година 106
од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи поради реализиран значајно
помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок.

Отпочнати се активности за воведување електронски рецепт преку ИТ системот на
Фондот, без координација со Министерството, кои не се целосно реализирани.
Постои потреба Министерството за здравство и Управата за електронско здравство
во координација со Фондот, имајќи ги предвид одредбите од Законот за евиденции
во областа на здравството, да ги преиспитаат економичноста, ефективноста и
ефикасноста на примената на член 28-а од Законот за здравствено осигурување со
кој се воведува електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот и да се разгледа
можноста за искористување на капацитетите на постојниот систем за препишување
и издавање лекови на рецепт со истовремено воспоставување контролни точки кои
ќе обезбедат плаќање на подигнати лекови единствено врз основа на реално и
законски пропишани рецепти од овластени лекари.”

-стои во Соопштение за медиуми на Државниот завод за ревизија во врска со Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОМ)

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Исплатени парите за поддршка од Интервентниот фонд за набавка на ѓубрива
Следна објава Вака во Пробиштип се асфалтираат локални патишта
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1535
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1092
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.