Познатиот музичар, композитор и пијанист Васил Хаџиманов го доби признанието почесен доктор на науки на УГД (Professor Honoris Causa), при одбележувањето на 12 години Универзитет „Гоце Делчев“.
Васил се занимава со џез и етно музика и е основач на Васил Хаџиманов бенд. Дипломирал на Универзитетот Беркли во САД, а некое време настапувал и со познати музичари во Њујорк. Има соработувано со музичари како Дејвид Гилмор и Крис Чик.
Во текот на својата кариера правел музика и за познати филмови и ТВ серии. На Универзитетот „Гоце Делчев“ е ангажиран како предавач на Одделот за џез музика при Музичката академија.
Ова е голема чест и голема одговорност за мене. Благодарам на Универзитетот и особено на деканот на Музичката академија, м-р Тони Китановски, без кого ова не би било. Доста долго сум визитинг професор на Академијата и немам намера да престанам со своето делување
– изјавил на доделувањето на признанието професорот Васил Хаџиманов.