Екипата на Работнички загуби од Вардар со 0:2 во дербито на 24. коло во македонската Прва лига што е трет пораз во низа за нив, па некој мораше да понесе одговорност, а во такви ситуации најчесто се тренерите.
Жикица Тасевски по поразот на неговата екипа Работнички поднесе неотповиклива оставка.
Поднесов неотповиклива оставка бидејќи клубот се наоѓа во ситуација што е неприфатлива за мене. Резултатски не бевме најдобри и тоа треба да се признае. Кој го познава денешниот фудбалски поредок, тоа, секако, ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа ги овозможуваат. На сите во клубот им посакувам многу среќа во продолжение на првенството, а јас ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница за нови успеси што се достојни за клуб каков што е Работнички
– изјави Тасевски.
Работнички моментно е шести на табелата со 31 бод.
Прва лига, 24 коло
Работнички – Вардар 0:2
Силекс – Шкендија 0:3
Ренова – Беласица 3:2
Шкупи – Македонија Ѓ.П. 0:1
Победа – Академија Пандев (одложен за 1 мај).
Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев 42 (-1), Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 31, Македонија Ѓ.П. 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18 (-1). Идно коло (31 март): Македонија Ѓ.П. – Работнички, Шкендија – Победа, Беласица – Шкупи, Академија Пандев – Ренова, Вардар – Силекс.