Тие што тајно ни ја кројат иднината
Тие што ни решаваат за судбината
Тие што ни плетат пајакови мрежи
Клетва да ги стигне гревот да им тежи
Тие што не направија понижени тажни
Народните желби што не им се важни
Да ги стигне народната клетва
Аир да не видат од берба од жетва
Тие што многу ветуваа а ништо не прават
Тие што во сопствените лаги се дават
Тие што ја прогонија нашата младост
Да немаат здравје да не сетат радост
Тој што на народот нож во грб му зари
И тие што се продадоа за пари
На парите вечно да бидат робови
Во Македонија да немаат ни гробови.
Пишува: Васил Маневски