Ве повикуваме сите, од најмал до највозрасен, од сите генерации, од сите краишта на Македонија, без разлика на етничка припадност или политичка ориентација да излеземе во понеделник и вторник на најмасовна блокада на рудникот на смртта.
Знаеме дека се работни денови и сите имате обврски, но утре и задутре се посебени денови за сите нас затоа што задаваме силен удар на Еуромакс и ги сечеме во корен нивните последни обиди да излезат од дупката во која се притиснати. Разговарајте со вашите претпоставени на работа и објаснете им за што се работи и ќе ве ослободат на неколку часови. Сите тие знаат дека ова е битно за целата заедница во Струмичката котлина.
Утре ќе протестираат и Еуромакс но тоа воопшто не не засега, зашто ние одиме по нашиот зацртан пат. Затоа правиме посебен напор овие денови да ги мобилизираме и интегрираме сите граѓани и заеднички да победиме подмолното зло олицетворено во Еуромакс.
Бидете дел пишувањето на оваа историја која ќе остане светол пример како граѓаните заеднички и сложно победија корпорација со многу ресурси, врски со моќни луѓе и групации.
Крајот го краси делото и сега влегуваме во завршна фаза на војната што ја водиме изминатите две и пол години.
Инаку денес одбележавме една недела од почетокот на блокадата на рудникот Иловица-Штука. Прекрасни луѓе со позитивна енергија заедно се дружеа на цветна полјанка во планината и истовремено ја штитат од тешката механизација на профитерите.
Се гледаме утре и задутре на барикадите!
Локација – Браната над Иловица, 05.00 наутро.
Повик упатен на социјалните мрежи од страна на граѓанската иницијатива “Зелена котлина” која се спротивставува на изградбата на рудникот Иловица-Штука.


