Копривата е исклучително лековито растение, а вкусот на овој леб ќе ве остави без коментар.
Лебот ќе го исчисти вашиот организам и ќе помогне во отстранувањето на масните наслаги.
Потребни состојки:
– 340 грама брашно од хељда
– 340 грама овесно брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка хималајска сол
– 3 лажички чиа семки
– 100 милилитри маслиново масло
– 240 милилитри јогурт
– 1 шака свежа коприва
– 1 лажичка сушен рузмарин
Измијте ја копривата и прелијте ја со 1 литар зовриена вода. Исцедете ја и оставете ја да се излади. Изладената коприва исечете ја ситно. Остатокот од водата искористете го за подготовка на „веганско јајце“ – измешајте 3 лажички чиа семки со 9 лажици вода.
Мешајте привремено. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Измешајте ги сувите состојки во еден сад (брашно, прашок за печиво, сода бикарбона и хималајска сол), а мокрите состојки во друг (чиа семки, маслиново масло и јогурт). Во мокрите состојки додајте ја копривата и рузмаринот.
Измешајте ги состојките од двата сада. Обложете мала тава за печење со хартија за печење и со лажица нанесете ја смесата за лебот.
Печете 50 до 60 минути, односно додека лебот не добие златна боја. Оставете го лебот да се излади и исечете го на тенки парчиња.