Кинси Волански на најзабележлив начин го одбележа овогодинешното финале во Лигата на шампионите во фудбал.
Инаку таа искористувајќи го невниманието на редарите кои беа покрај трибината, истрча слободно на теренот притоа соблекувајки се на миниимум облека на која носеше натпис од блогот на нејзиниот дечко.
Ваквата реклама според разни ПР и маркетинг агенции кои се занимаваат со оваа дејност чини повеќе од 4 милиони долари, не земајќи го предвид фактот што популарноста на профилот на Кинси на Инстаграм пораснала вртоглаво со што постогнала 1.3 милиони следбеници за многу кратко време.

Инаку за нејзината постапка таа е казнета со 15 илјади долари за непримерно однесување за време на јавен настан.
Кенси Волански заедно со нејзиниот дечко наскоро ќе присуствува во Скопје во еден од скопските познати барови со што скопјани ќе можат да бидат во нејзино присуство.