Митингот започна со оддавање почит за трагично загинатото семејство кое ги загуби животите во сообраќајна несреќа.
На митингот говор зедоа кандидатот за градоначалник Иван Соколов, носителот на советничката листа Сашко Ивановски како и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Нема да дозволиме мигранти, двојазичност и ревидирана историја, истакна во својот говор меѓу другото носителот на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ, Сашко Ивановски, ветувајки дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе се заложат да се реализираат повеќе проекти за граѓаните на Делчево.
-Програмата не е доволна да се реализираат само зацртаните проекти туку ќе има и многу нови. Најодговорно тврдам дека се што е започнато ќе биде доврешено за Делчево да биде европски град, истакна кандидатот за градоначалник Иван Соколов.
Во својот говор претседателот на ВМРО ДПМНЕ наброи само дел од проектите кои се релзизирани во мандатот на претходниот градоначалник Дарко Шехтански на кој посебно му се заблагодари за се што направи за Делчево, но наброи и дел од оние кои ќе се реализираат со како што кажа идниот градоналчалник Иван Соколов.
Инаку претходно митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ се одржа и во Берово.
Видео:
Галерија: