Општина Виница ги живее своите денови на целосен препород на инфраструктурата во сите населени места. Денес започнаа градежните активности за изградба на улици и тротоари како во градот Виница така и во населените места. Реализацијата на овие проекти за сите жители ќе значи драстично подобривање на животниот стандард, како и подигање на квалитетот на секојдневни активности, преку зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајните услови.
Градоначалникот на општина Виница Миле Петков информира дека макотрпната работа на општинските служби под негово раководство во изминатите неколку месеци се исплатеше. Граѓаните преку овие инфраструктурни проекти, за кои во изминатиот период се работеше подготовката на целокупната потребна документација ќе добијат значително подобрување на животниот стандард во сите населби во општината.
“Изведувачот на градежните работи започна со изградба на тротоарите од двете страни на ул. „Никола Карев“, веднаш потоа следуваат изградба на тротар на ул. “Јане Сандански”, тротоар на влезот во с.Јакимово и поплочување на улици во с.Истибања, с.Блатец, с.Пекљани, с.Липец, с.Трсино и с.Драгобраште.
Исто така при крај е тендерската постапка за асфалтирање на улици во градот и населените места Блатец и Градец, асфалтирањето на овие улици очекуваме да започне почетокот на септември.
За сите овие активности обезбедени се средства од Буџетот на општина Виница.”
-информираше градоначалникот Миле Петков.